Сите љубители на снегот што живеат на Флорида сега можат да се радуваат затоа што конечно доживуваат вистинска, бела зима.
Во вторникот делови од Флорида ги зафати зимска бура што донесе снежна покривка од над 17 сантиметри во областа Пенсакола, удвојувајќи го претходниот рекорд од 7 сантиметри снег во 1895 година. Голем дел од луѓето во оваа област немаат лопати за снег, а и не знаат како да возат на снег затоа што на Флорида речиси никогаш не врне снег.
Неколку градови во западниот дел на Флорида забележаа помеѓу 17 и 25 сантиметри снег, додека североисточниот дел на државата забележа врнежи од замрзнат дожд и мраз.
Кога последен пат граѓаните на Пенсакола виделе снег?
Во областа Пенсакола последен пат имаше снег во 2018 година и беше околу 2 сантиметри, покажуваат записите од Националната метеоролошка служба.
Најстудениот ден во историјата на Флорида бил на 13 февруари 1899 година, кога температурата се спуштила на -2 степени. Највисоката температура за тој ден изнесувала 22 степени.
Извор:
Gainsville.com
Фото:
Facebook