X
 24.02.2019 Живот

Ректоре, можете да го запрете иселувањето на младите лекари, приказната на уметницата Соња Самарџиева, фотографии од „Златна бубамара“... Што истражувавме минатата недела?

Користејќи најнова технологија, тим од компанијата Netcetera пред неколку години почнал да истражува на полето на Internet of Things (IoT)

Обраќањето на младиот лекар Александар Јовановски до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски, предлогот студентите од Филмската академија од Охрид да се префрлат на Факултетот за драмски уметности, фотогалерија од одржувањето на „Златна бубамара на популарноста“, разговор со уметницата Соња Самарџиева, која девет години твори во Фиренца... Ова се дел од текстовите и проблематиките што Факултети.мк го истражуваше изминатата недела.

д-р Александар Јовановски

„Ректоре, вие сте еден од тие што можат да го запрат иселувањето на младите лекари од Македонија“. Пред четири години се сретнавме на аеродромот во Рим. Ни рековте дека е штета да си заминуваме... Оваа анегдота беше причина да направиме интервју со д-р Александар Јовановски, кој дипломирал на Медицински факултет во Скопје во 2014 година како најдобар студент во својата генерација. Во моментот е на докторски студии на Програмата за експериментална медицина и терапија, на Универзитетот во Торино, Италија.



Да се префрлат студентите од оваа академија на Факултетот за драмски уметности – ова е предлог на Министерството за образование и наука до Владата. Така ќе се реши проблемот, ни објасни заменик-министерот Петар Атанасов. Домашните и странските студенти запишани на Филмската академија во Охрид го напуштија градот. Откако не ја ни започнаа новата академска година, поради нерегуларности во работата, сè уште не е надминат проблемот со најмладата филмска образовна институција во земјава.



Панче Чавковски

Како pulse.eco ја искористи современата технологија за да го мери загадувањето? Користејќи најнова технологија, тим од компанијата Netcetera пред неколку години почнал да истражува на полето на Internet of Things (IoT) технологиите и барал начин како сето тоа да го употреби за нешто корисно. Во интервјуто за Факултети.мк, Панче Чавковски, сениор софтверски инженер во Netcetera, објаснува како платформата SkopjePulse.mk созреа и прерасна во pulse.eco.


За жените хемичарки и технолози беше подготвен чоколаден Периоден систем

Околу 40 жени хемичари и технолози од повеќе факултети, институти, средни и основни училишта, јавни и приватни компании дебатираа на овие прашања на Глобалниот женски појадок под наслов Empowering Women in Chemistry: A Global Networking Event што се одржа во Скопје. Тие ни раскажаа за предизвиците со кои се соочуваат хемичарките денес.



Скопјани викендов имаат можност да ги видат сите македонски филмови од претходната година, на првото издание на филмската ревија „Златна рамка“ кој до вечерва се одржува Младинскиот културен центар во Скопје. Ова не е само отчет за тоа што се случило на полето на домашната филмска уметност лани, туку и шанса сите филмови да бидат повторно прикажувани – нешто што не се случува постојано, велат организаторите.



Објавивме текст и фотогалерија од годинашното издание на „Златна бубамара на популарноста“.
- Многу материјал имаме годинава, си велевме повеќе да зборуваме, помалку да пееме - рече глумецот Сашко Коцев на отворањето на вечерта.

Соња Самарџиева на работното место

„Од уметноста може да се живее“, вели Соња Самарџиева, која девет години твори во Фиренца. Таа ги комплетира последните чекори од нејзината магистратура по вајарство, твори на нејзините три квадрати на улицата „Калимала 5“ и ја живее уметноста на Италија, нешто за што сонувала уште од мала.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот