X
 24.03.2020 Политика

Колкава е претседателската плата во САД?

Да се биде претседател на САД не е обична работа. Работното време не завршува во 16 или 17 часот, а самата работа со себе носи голема одговорност. Затоа, очекувано е платата на претседателот да биде повисока од просечната, но колку повисока?

Последните три претседатели на САД, Доналд Трамп, Барак Обама и Џорџ В. Буш, имале плата од 400.000 долари годишно. Претседателот добива и дополнителен надомест за трошоци од 50.000 годишно. Освен тоа, тој има бесплатно сместување во Белата куќа, бесплатен превоз и бесплатно здравствено осигурување, кое вклучува приватен медицински тим сместен во Белата куќа.


Фото: Pixabay

Платата на претседателот била покачувана пет пати од 1789, кога бил одбран првиот претседател. Последното покачување било направено во 2001 година. Сепак, тука треба да се земе предвид и инфлацијата, па така поранешните претседатели сепак заработувале многу, иако тоа изгледа малку од денешна перспектива.

Во 1789 година платата на претседателот на САД изнесувала 25.000 долари, за во 1873 година да се покачи на 50.000. Последниот пат била покачена во 2001 од 200.000 на 400.000 долари. Многу кандидати за претседател веќе се богати кога се одбрани да ја водат земјата. Некои побогати претседатели ги донираат платите или дел од платата. Актуелниот претседател Доналд Трамп ветил дека ќе ја донира платата во неговата прва година од мандатот во хуманитарни цели.


Фото: Pixabay

Како заработуваат претседателите по завршувањето на мандатот? Откако ќе ја напуштат Белата куќа, претседателите добиваат пензија во износ од 205.800 долари годишно. Освен тоа, многу поранешни претседатели заработуваат и на друг начин, како преку говори, пишување книги или работа на филм или во телевизија.

Извор:Rd.com 

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Политика