X
 24.05.2020 Здравје

Ковид-19: Нема починати, 11 оздравени и 37 новозаразени

Министерството за здравство соопшти дека во изминатите 24 часа Институтот за јавно здравје регистрирал 11 оздравени пациенти и тоа од:

- Скопје - 2
- Прилеп - 7
- Велес - 2

Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на Ковид-19, истакнуваат од Министерството и додаваат дека во текот на изминатото деноноќие направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус.

Новозаразените, според градови, се од:

- Скопје - 12
- Куманово - 8
- Штип - 2
- Прилеп - 2
- Тетово - 7
- Струга - 4
- Охрид - 2

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.978, бројката на оздравени пациенти е 1.422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443. Досега во земјата се направени вкупно 25.270 тестирања.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје. Досега со скринингот направени се 2.248 тестирања, а регистрирани се три позитивни случаи на Ковид-19, се истакнува во соопштението.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје