X
 24.07.2023 Живот

Грција објави предупредување за можни пожари во повеќе подрачја

Министерството за климатски кризи и граѓанска заштита на Грција предупреди за зголемената опасност од пожари на почетокот на оваа седмица.

Под ризик се подрачјата Атика, Евија, Беотија, Коринтија, Илија, Арголис, Месинија, како и островот Родос, каде што пожарите продолжуваат веќе шести ден. На официјалната веб-страница на Министерството е објавена следната мапа со подрачјата во опасност за 24 јули.


Фото: Министерство за климатски кризи и граѓанска заштита на Грција

Туристите беа евакуирани од Родос поради големите пожари, кои досега направија голема штета. Властите бараат од жителите да преземаат превентивни мерки, а доколку се соочат со опасна ситуација, да останат смирени и да си помогнат без да креваат паника.

Извор: Sot
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот