X
 24.08.2023 Економија

Директорот на „Луфтханза“ работеше една смена како стјуард

Понекогаш треба да ја смените перспективата за да научите повеќе. Тоа е филозофијата што го поттикнала Џенс Ритер, главен извршен директор на германската авионска компанија „Луфтханза“, да работи една смена како член на екипажот на лет на неговата компанија.

Во објава споделена на „Линкдин“, Ритер раскажал за своето искуство како член на екипажот на лет на кој се грижел за патниците во бизнис-класата. Претходно Ритер работел како пилот, па запознаен е со предизвиците во работата во авион. Меѓутоа, работата како стјуард го изненадила, открива тој.


Фото: Linkedin

- Бев изненаден од работите што треба да се организираат, особено ако нешто не оди по план - рекол тој.

Тој додал дека е тешко да се задоволат посебните желби на сите патници, а истовремено да се внимава на повеќе работи и да се биде шармантен. Тој признал дека тоа е сосема различно искуство од она на пилотите. Заклучил дека искуството ќе му помогне да донесува различни одлуки во иднина.

Извор: Upworthy
Насловна фотографија: Linkedin
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија