X
 24.09.2025 Живот

Витамин што се продава без рецепт би можел да нѐ заштити од рак на кожата

Еден витамин, поточно обликот на витамин Б3 што се продава без рецепт може да го намали ризикот од одредени видови рак на кожата кај луѓе што веќе ја имаат болеста, покажала нова студија. Лекарите долго време го препорачуваат додатокот, познат како никотинамид, на луѓе со историја на рак на кожата. 

Претходните студии покажале дека никотинамидот може да помогне во заштитата на клетките од оштетувањето од УВ-зрачење и дека луѓето што го земаат имаат помала веројатност повторно да добијат рак на кожата.

Никотинамидот е витамин што се продава без рецепт

Студијата е објавена во „ЈАМА дерматологија“, забележувајќи дека целокупното влијание на никотинамидот е тешко да се измери бидејќи се продава без рецепт во аптеките и продавниците за здрава храна, што значи дека здравствените бази на податоци не евидентирале дали луѓето го земале додатокот или не.

Тоа ги поттикнало истражувачите да анализираат податоци од речиси 34.000 пациенти во системот за ветерани на САД, кој ги лекува воените ветерани и нивните семејства. На повеќе од 12.000 пациенти им биле давани 500 милиграми додатоци на никотинамид двапати на ден, најмалку еден месец. Пациентите што земале никотинамид имале 14 проценти помал ризик од развој на рак на кожата. Ризиците биле уште помали кај луѓе со историја на рак на кожата (54 проценти) и за честа форма на рак на кожата позната како сквамозен карцином на кожата.


Витаминот Б3 што се продава без рецепт го намалува ризикот од сквамозен карцином

Истражувачите веруваат дека наодите од студијата би можеле да го променат начинот на кој лекарите разговараат за додатокот со своите пациенти. Имено, студијата се фокусирала и на повеќе од 1.300 пациенти кои имале ослабен имунолошки систем по трансплантација на органи. Тие не забележале значително намалување на ризикот од рак на кожата по земањето никотинамид, иако раното земање на додатокот било поврзано со помал ризик од појава на сквамозен карцином на кожата.

- Сè уште треба да утврдиме кој всушност ќе има корист од никотинамидот бидејќи само околу половина од пациентите ќе развијат повеќекратни видови рак на кожата - нагласи д-р Ли Вилис, еден од авторите на студијата.

Извор: eklinika.telegraf.rs

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот