X
 22.10.2016 Култура

Проверете кои држави во светот немаат сопствена војска

Воопшто не се исплати напад врз некоја од овие држави, затоа што зад дел од нив стои Големиот брат, САД...

Величествени и расположени за мир, не ни помислуваат на војна и можни опасности, бидејќи ниту една од нив нема војска! Во ред, некои од нив имаат  договор со други држави што би ги штителе во случај на напад, но сеедно, овие држави опстојуваат во свет во кој големите сили се натпреваруваат во трка за наоружување и затоа најверојатно „заслужуваат“ Нобел за мир.

Костарика

Според Уставот на оваа земја, војската е забранета уште од 1949 година. Денес земјата е домаќин на Универзитетот за мир кој го водат Обединетите нации, а според истражувањето на Happy Planet Index објавено во август годинава, Костариканците се најсреќниот народ во светот!


Лихтенштајн

Во оваа земја војската не постои уште од 1868 година, заради намалување на државните трошоци. Тогаш заклучиле  дека во случај на воена закана, би формирале војска, но од денешен аспект, кога во оваа земја речиси и да нема невработени, тешко е да се поверува дека кога било би влегле во војна!

Лихтенштајн


Самоа

Оваа островска држава, од своето основање до денес, никогаш немала војска. Во случај на војна, склучиле договор за заштита со Нов Зеланд.


Андора

Војска едноставно не постои во овој даночен рај. Сепак, и тие се заштитени, па доколку некој ги нападне, нека очекува одговорот од Французите и Шпанците!

Андора


Доминиканска Република

До 1981 година и тие имаа своја војска. Сега веќе, не...


Тувалу

Исто како и Самоа, и оваа држава никогаш немала своја војска. Се работи за земја членка на Комонвелтот, па ако некој ги нападне, ќе мора да се соочи со останатите членки на овој сојуз.


Ватикан

Хмммм, а швајцарската гарда? Технички, тие се под команда лично на Папата, а не под Ватикан...

Ватикан


Гренада

Откако пред 33 години американците изведоа инвазија врз оваа земја, држата веќе нема своја војска.


Кирибати

Уште една држава во Тихиот Океан што нема војска. А и зошто би имале, кога ги бранат Австалијците и Новозеланѓаните!

Кирибати


Науру

Личи како Австралија да е светски полицаец, со тоа што е должна да се грижи и за безбедноста на Науру од надворешни напади.


Света Луција

Островот каде што одмараат оние со најдлабоки џебови, има некои воени сили, но не и своја армија. Имено, тие  заедно со неколку други држави имаат склучено Спогодба со Регионалниот систем за безбедност.


Свети Винсент и Гренадини

Како и погоре споменатите држави, и овие имаат потпишана спогодба со Регионалниот систем за безбедност.


Соломонски Острови

Од конфликтот пред 10 години што беше успешно разрешен од страна на Австралија и Нов Зеланд, на овие острови повее нема маскирни униформи.


Маршалски Острови

Оваа држава е под директна заштита на Големиот брат, САД.


Микронезија

Погледнете го објаснувањето за Маршалските Острови.


Палау

И за крај, Палау, земјата која ги заокружува 16 величествени. И тие, исто така,  во случај на потреба, се заштитени од Големиот брат.

Палау














Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура