X
 24.10.2022 Наука

Откриен нов екосистем во близина на Малдивите

Научници открија нов екосистем 500 метри под површината на океанот во близина на Малдивите. Откритието треба да поттикне мерки за поголема заштита на морскиот живот во овој регион, според непрофитната фондација и хуманитарна организација „Нектон“.

Професорот Алекс Роџерс, кој работел на експедицијата, објаснил дека зона во близина на Малдивите ги има карактеристиките на сосема нов екосистем. Зоната создава оаза на живот на Малдивите и многу е веројатно дека постои и во други океански светови и на континентите, објаснил Роџерс.

Научниците заклучиле дека станува збор за нов екосистем откако собрале повеќе примероци од жив свет и направиле видео и сонарни снимки.

- Фотографиите, комбинирани со биолошките примероци од нашите подводни мисии и опширното сонарно мапирање, укажуваат на мегафаунски предатори како ајкули и други големи риби кои се хранат од роеви микронектони - мали суштества кои се заробени во подморскиот пејзаж на таа длабочина - изјавила Луси Вудал од „Нектон“.

Мисијата на „Нектон“ на Малдивите е соработка помеѓу владата на Малдиви, институтот ММРИ и меѓународни научници.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука