X
 24.11.2018 Култура

Градот што во наредните 65 дена ќе живее во постојана темнина

Уткиавик, град во Алјаска, наредните два месеци ќе биде во целосна темнина.

Најсеверното место во САД, Уткиавик, што некогаш се нарекувал Бароу, во неделата последен пат видел светлина што траела 64 минути. Оттогаш, во овој град започнал периодот на темнина, познат како поларна ноќ, што ќе трае вкупно 65 дена, односно до 23 јануари наредната година.

Поларните ноќи се чести во делови од Алјаска, Канада, Грренланд, Финска, Русија и Шведска. Со оглед на тоа што Уткиавик е најсеверниот град во САД - лоциран северно од Арктичкиот круг, не изненадува што сонцето ќе исчезен за краток период во текот на зимата.

-Колку подалеку патувате кон северниот пол, толку подолги се деновите во лето, а пократки во зима - пишува на официјалната веб-страница на Алјаска.

Во текот на овој период, температурите цело време ќе бидат под нулата.

Жителите се навикнати на промената. Голем дел од нив дури и го прославија почетокот на поларната ноќ.

-Не го имаме видено сонцето четири дена, а облачниот ден нѐ спречи да си кажеме збогум, но оваа фотографија ни покажа дека неговиот дух сѐ уште е со нас. Да наздравиме за уште една темна и прекрасна зима! - напиша на „Инстаграм“, Кристен Албург, која живее во овој град.

-Денес сонцето зајде во Уткиавик, Алјаска. Сега 65 дена нема да го видиме изгрејсонцето. Наредното изгревање ќе се случи на 23 јануари во 13.04 - пишува еден корисник на „Твитер“.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура