X
 03.10.2025 Живот

Сан Диего е прогласен за најопуштен град во светот

На новата ранг-листа Сан Диего беше прогласен за најопуштен град на светот. Истражувањето спроведено од компанијата „Холафлај“ истражувало 50 градови во светот користејќи податоци од платформите „Трипадвајзор“ и „Нумбео“.

Истражувањето користело параметри како бројот на паркови и природни резервати, бањи, густина на сообраќај, квалитет на воздухот, број на сончеви денови во годината, како и вкупниот степен на среќа според Индексот на среќни градови за 2025 година. Секоја метрика била оценета на скала од 1 до 100, а конечните резултати се добивале како просек од сите параметри со што повисок резултат значело поопуштен град.

Сан Диего се најде на самиот врв како одлична дестинација за релаксација. Градот е познат по опуштениот начин на живот и 266 паркови и природни резервати, што е најмногу од сите градови вклучени во истражувањето. Лоциран на границата со Мексико, Сан Диего е втор по големина град во американската сојузна држава Калифорнија и осми по големина во САД.


Најпозната локација е Балбоа Парк, срцето на градот, со музеи, тематски градини, театарски сцени и светски познатата зоолошка градина што е вистинска атракција за туристите и локалното население.

Сингапур го зазеде второто место со 242 паркови и неверојатни 698 велнес-центри, како и со највисок индекс на среќа меѓу своите жители. Виена се најде на третото место. Овој град е познат по чистиот воздух, бујните зелени паркови и ефикасниот сообраќај, дури и кога има најголем метеж.

Следуваат австралиските градови Сиднеј и Мелбурн, а Берлин, Окланд, Портланд, Рим и Хелсинки ги заокружуваат првите 10. И Мадрид и Барселона се најда на листата, што потврдува дека Европа сè уште знае како да ги комбинира културата и квалитетот на животот.

Извор: Rts.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот