X
 24.12.2021 Живот

Излезе од печат „За македонските работи“ на академик Љупчо Коцарев

Академикот и претседател на МАНУ, Љупчо Коцарев, ја објави книгата „За македонските работи“, во која има есеи, обраќања, беседи и слова, во кои со критичка опсервација ги анализира македонските состојби. Книгата е составена од четири дела – „Македонскиот дел од пеколот и од рајот: како понатаму?“, „Предизвици во науката“ ,„Интервјуа“ и „Македонскиот манифест“. Книгата е во издание на „Матица македонска“.

Академикот Љупчо Коцарев е актуелен претседател на МАНУ, редовен професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истражувач во рангот на редовен професор на Универзитетот Калифорнија, Сан Диего од 1998 до денес. Тој е автор е на над двесте научни студии објавени во педесетина списанија во природно-математичките науки, техничко-технолошките, општествените и во хуманистичките науки. Изумител е на шест патенти, одобрени и патентирани во Америка и во Европа. Добитник e на државната награда „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот