X
 25.01.2017 Култура

Денот кога почнал планот за уништување на Евреите

На 20 јануари 1942 година, во раскошна вила близу Берлин, се разговарало за детален план за истребување на европските Евреи.

Во март 1947 година, претставници на Министерството за надворешни работи одговарале пред Трибуналот за воени злосторства во Нирнебрг. Тогаш Роберт Кемпнер дошол до значајно откритие. Меѓу писменото наследство од времето на нацистите, едно ливче предизвикало љубопитност кај заменик-главниот обвинител. На ливчето имало црвен печат, и јасен и читлив наслов - „Државна тајна“. Следеле 15 страни текст под едноставен наслов: „Записник од состанокот“. Всушност, ова било доказ за систематското уништување на европските Евреи. Записник од таканаречената „Ванзе конференција“ одржана на 20 јануари 1942 година. Ова било единствената зачувана копија од записникот, која содржела 16 страни, а вкупно биле 30.

Млади, образовани, амбициозни


За време на ручекот, на повик од Рајнхард Хајдрих, шеф на озлогласената Дирекција за безбедност на Рајхот, дошле 15 мажи во Ванзе. Имало и државни секретари и лидери на администрацијата на нацистите. Иако немало познати имиња, речиси сите биле млади и образовани - секој втор бил доктор на науки и пред сè, амбициозни.

Оние од вас, кои се помалку заинтересирани за историјата, оваа „Ванзе конференција“ се поврзува со одлуката за холокаустот. Но, тоа е погрешно поради две причини: 1. Тој ден не се донела никаква одлука, туку била „информативна“ средба и 2. Масовното убиство на Евреите веќе почнало.
 
1
Хајдрих (десно) и Химлер

Хајдрих на масата бил придружен со претставници од сите релевантни институции, вклучувајќи го и Министерството за надворешни работи и Министерството за транспорт. Станувало збор за координација за планираните депортации и масовни убиства, и за тоа како сè да се стави под одговорност на Хајдрих, а ова за него било голем скок во кариерата.

Половина милион еврејски жртви пред конференцијата


Многумина сметаат дека на 20 јануари 1942 година не се означува почетокот на организираното масовно убиство на Евреите. Во месеците пред Ванзи-конференцијата биле убиени - најчесто стрелани - половина милион Евреи, а меѓу нив жени и деца, посебно во областите на Советскиот Сојуз, која германскиот Вермахт ја окупирал во текот на летото 1941 година.

Одамна се знаеле намерите за уништување на Евреите. На 30 јануари 1939 година Хитлер јасно изјавил дека во случај на војна, „меѓународното еврејство“ ќе биде уништено. Кога на 22 јуни 1941 година почнала војната против Советскиот Сојуз, во кој бил освоен голем дел од земјата, после само неколку месеци, под власт на нацистичка Германија, се нашле милиони не-германски Евреи.

Експертот за холокауст, и историчар, Мајк Вилдт ова го смета за пресвртница во политиката на прогонот на Евреите. Имено, повеќе од 11 милиони Евреи повеќе не можеле да се прогонуваат и биле присилени на емиграција. „Во согласност со тоа, плановите за „ослободување“ на Рајхот од Евреите, станале сè помонструозни и големи“, веи Вилдт.

список
Податоци за бројот на Евреи во одредени земји
 
Ајхман, клучен сведок

Записникот од 16 страници не опишува конкретно како нацистите сакале да ги уништат Евреите. Сепак, „евакуацијата на исток“ всушност значела уништување. Адолф Ајхман, главниот соработник на Хајдрих и учесник за време на конференцијата, многу години подоцна, отворено признал. После неговото спектакуларно киднапирање во Аргентина, кое било спроведено од израелските тајни служби, на судењето во Ерусалим во 1961 година, на прашањето за тоа што се разговарало во вилата, тој изјавил: „Беа земени во предвид различни форми на убивање“.

„Иако еден примерок од записникот користи формулации како „третирање на соодветен начин“, овој документ претставува исклучок во однос на јасноста на намерите“, вели историчарот питер Лонгерич. Бидејќи, како што вели тој, соучеството на конференцијата во криминалот на векот било поддржано од сите: СС, Министерството за правда, Министерството за внатрешни и надворешни работи, одбранбената индустрија, партиите. Сепак, водечките нацисти после 1945 година, велат дека не знаеле ништо. Меѓу нив биле и Херман Геринг и Алфред Розенберг. Херман бил еден од водечките идеолози за нацизмот, а Алфред бил министер за окупираните источни подрачја.

Рајнхард Хајдрих, кој бил убиен во атентат, неколку месеци после конференцијата, покрај директното истребување на европските Евреи, имал уште еден план. Во случај на победа на Советскиот Сојуз, планирал Евреите масовно да ги искористи за градење на патишта кон исток. На седмата страница од записникот пишува: „... при што несомнено голем дел ќе отпадне по природен пат, а остатокот ќе мора да се третира на соодветен начин“.

Извор: DW
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура