X
 25.01.2020 Живот

Како од спалените степи да се влезе во медената земја

Филмот „Медена земја“, кој го потпишува авторската двојка Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, е толку нагласено поетичен што во првите минути се запрашувате дали навистина станува збор за документарец.

Шкрта, опустошена земја од која шумите исчезнале уште во времето на Турците, прикажана во широки кадри од горен ракурс. Пространи рамнини по кои се извиваат дури три изгазени патчиња и медарката Атиџе - која по рамнината се движи речиси сосема, и со колоритот и со движењето, стопена со неа - се вовед кој гледачот, уште на самиот почеток, речиси со вовлечна сила го вовлекуваат во една животна приказна.

Атиџе е жена која мами диви пчели да се населуваат во дупки во карпите, потоа ги остава таму и од медот што пчелите го произведуваат за себе зема само дел.

Некои пчели ги носи во селото и таму ги одгледува во кошници или во рушевините од соѕиданите прозорци на куќите. Медарката Атиџе живее со мајка си во пусто село, за пчелите вели дека се нејзината фамилија и сосема природно, како што автентично чувствува, смета дека од природата може да земе само дел за себе, а остатокот да им го препушти на пчелите.

Ја гледаме и во кадар со кучето, како еден наспроти друг седат на земјата и долго се гледаат очи в очи, како суштества кои целосно се разбираат.

Животот во пустиот и раселен крај оставил трага врз лицето на Атиџе и таа изгледа многу постаро од нејзините педесетина години. Но и таа надворешна огрубеност дава извонредна ширина и мекост на нејзиниот поглед додека зборува за своите пчели и некако ја прави стопена со пејзажот во кој живее и целосно, речиси вонземно автентична додека ги изнесува своите едноставни, а длабоки животни гледишта.

Бекирлија е село во централна Македонија, одамна напуштено од луѓето. Едно од десетината турски села што биле населени од Јуруците одамна пред населувањето на Османлиите.

Во педесеттите години од минатиот век поранешната држава договорила со Турција враќање на етничките Турци во Турција, крајот е раселен и во него останала само фамилијата на Атиџе. Никој веќе не вложувал во крајот, не се садело, ни пошумувало, па тој останал суров и пуст.

Но, од филмот не дознаваме речиси ништо за животот на Атиџе и нејзината фамилија, речиси ништо освен пчелите. А од пчелите и односот на Атиџе кон нив, всушност, дознаваме сѐ што треба да знаеме за Атиџе, но и за автентичната човечност.

Филмот ме затече во состојба на оловно отежнати мисли, натопени во спознанието дека немоќните и остарени членови на нашата општествена заедница изгореле таму во некоја склепана штала. Во атмосфера на глобална вмреженост, во деновите што претходеа беше невозможно да се исклучи човек од заканите на Трамп со рушење на спомениците и културното наследство на Иран, од пожарите што хараат низ континентите. Сосема ми е јасно зошто овој филм добил толку награди на фестивали и најпосле номинација за „Оскар“.

Денес, кога науката и технологијата толку го олеснија животот, ни ги направија достапни и најдалечните точки од светот за максимално два дена патување, автентичната човечност ни се чини понедостапна од кога и да е.

Во Хрватска, која уште не го достигнала степенот на граѓанско општество кое би гарантирало еднаквост во различностите и би поттикнувало автентичност и одговорност и во кое институциите на државата сѐ уште се парализирани од клиентелизмот и корупцијата, јавното и општо добро се чинат како плен на повеќекратно вмрежени и поврзани интересни багри.

Се чинат како распадната, аморфна маса која останува по задоволување на партикуларните интереси.

Со таа аморфна и растеглива маса потоа се обидуваат да управуваат телата на државата во повеќекратни контрактури од долгогодишна парализа, па и секој говор за тоа како смислата на секоја општествена институција, па и државата во целина, го одзема крајното добро од самиот човек и тоа секој поединечно.

Тоа ја прави автентичноста уште потешка затоа што човек не може да доживее хармонија и идентификација со општествените вредности на заедницата на која ѝ припаѓа, не чувствува дека партиципира во заедничкото добро и дека придонесува за него.

Но, не треба да се негува илузија дека во уредените општества автентичната човечност е лесно достапна, бидејќи да е така, воената реторика на моќните не би се променила толку што по падот на Берлинскиот ѕид би било нормално со тотална војна да се срамнува светското споменично наследство за заштита на сопствените нафтени и геополитички интереси.

Социјалните мрежи не би биле преплавени од фотографии од мали коали настрадани во пожарот додека никој од светските политичари среде климатска криза на повикува на одговорност на австралиската влада.

А таа, знаејќи за геолошките промени во длабочината на океанот, кои ја зголемуваат опасноста од екстремните огнени стихии поради промените што ги предизвикуваат на површината на континентот, не презема ништо за да ја промени политиката на екстензивен аграр и спалување на огромни пространства степи за полиња со шеќерна трска и речиси половина од пожарите кои излегоа од контрола ги иницира баш со таква политика.

Медената земја - во која се зема само нужното и сѐ што живее се сфаќа како фамилија и целина - останува недостижна за човекот на технологијата и моќта.

Без медената земја човекот станува осуден на неавтентичен живот, парцијални задоволства од своите професионални и фамилијарни успеси, земајќи секогаш сѐ повеќе и сѐ што му треба.

За влез во медената земја нема документи. Потребна е радикална дисторзија на свеста за да го вкусиме медот од својата автентична човечност бидејќи само ако ја досегнеме, можеме да кажеме дека навистина живееме.

Автор: Жаклин Бат

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот