X
 25.01.2025 Живот

Дали би спиеле меѓу крошните на високи дрвја, на куќарки шест метри над земјата?

Кога станува збор за уникатни локации каде што можете да престојувате и да спиете во близина на Хардангерфјорд, постојат куќички на дрвја кои нудат можност да спиете меѓу крошните, со поглед на фјордот.

Две идентични куќички на дрво во шумата во близина на Хардангерфјорд, Норвешка, нудат уникатно искуство за одмор во хармонија со природата.

2

Куќичките се поставени на шест метри височина и се прикачени на стеблата на два бора со помош на челични држачи.

До нив се стигнува по 20 минути пешачење по стрмната кривулеста патека која води од градот кон локацијата. Кратки дрвени мостови се протегаат од падината до влезот на колибите.

3

4

Секоја куќичка има 15 квадратни метри со спална соба, бања, кујна и дневна со поглед кон фјордот.


Внатрешните ѕидови, таваните, подовите и мебелот се изработени од дрво.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот