X
 17.11.2020 Наука

Вервериците случајно садат милиони дрвја годишно

Вервериците се заглавени во бесконечен циклус на закопување јаткасти плодови и заборавање на локацијата на која ги закопале. Иако ова им го отежнува животот на овие животни, придонесува за пошумувањето.

Имено, вервериците случајно садат милиони дрвја годишно со тоа што забораваат каде ги закопале јаткастите плодови. Ова ги прави шампиони во зачувување на животната средина.

Зошто вервериците ги закопуваат јаткастите плодови?

Вервериците се хранат со семиња, ореви, желади, бобинки и шишарки. Во зима тие имаат тешкотии да најдат ваква храна и затоа инстинктивно собираат вишок храна во текот на есента и ја закопуваат.


Фото: Pixabay

Вервериците ги закопуваат плодовите на длабочина од околу 3 сантиметри за да не замрзнат. Најчесто ги закопуваат во близина на живеалиштето, но некогаш се одлучуваат за подалечна локација за да ги зачуваат плодовите од потенцијални крадци, на пример, други верверици или птици. Многупати вервериците само глумат дека закопуваат плодови, односно копаат земја без да стават плод во неа доколку мислат дека некое друго животно ги гледа.

Според едно истражување од 1990 г., вервериците успеваат да пронајдат најмалку две третини од плодовите што ги закопале. Некогаш наоѓаат плодови закопани од други животни.

Сепак, околу 10% од закопаните плодови од вервериците остануваат во почвата и 'ртат, а подоцна растат нови дрвја. На пример, костенот зависи од садењето од страна на вервериците. Затоа, следниот пат кога ќе видите верверичка како сади плод, оставете ја - таа може да ја подобри вашата животна средина.

Извор: nedhardy.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука