X
 25.03.2026 Живот

Психолог го објаснува правилото 10-80-10 за однесување при нуклеарна катастрофа

Во последните неколку дена стравот од нуклеарна војна нагло порасна, а британските експерти предупредуваат дека иранските балистички ракети би можеле да стигнат до Лондон. Според израелските процени, Иран располага со ракети чиј дострел овозможува напад врз поголем дел од Европа. 

Овие загрижувачки тврдења се појавија откако иранските ракети минатата недела ја гаѓаа заедничката британско-американска воена база на островот Диего Гарсија во Индискиот Океан, што дополнително ги засили тензиите на Блискиот Исток и стравовите од поширок конфликт. Шон Бел, поранешен висок офицер на британското кралско воздухопловство, призна дека Обединетото Кралство технички би можело да го следи доаѓањето на такви ракети, но дека веројатно не би можело да ги запре. Сепак, додаде дека шансите за директен напад врз Британија се прилично мали.

Во таква атмосфера на страв, психологот Џон Лич потсетува на познатото психолошко правило 10-80-10, кое може да одреди кој има најголеми шанси за преживување при нуклеарна катастрофа. Според тоа правило, првите 10 отсто од луѓето што ја гледаат ситуацијата како неизбежна, однапред се подготвуваат и остануваат смирени, имаат најголеми шанси за преживување. 

Следните 80 отсто се шокирани и збунети, со ослабено рационално размислување, но повеќето од нив можат да закрепнат. Последните 10 отсто целосно се откажуваат и се однесуваат контрапродуктивно, што најчесто им ги одзема и малите шанси за преживување.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски предупреди дека Европа мора да се подготви за конфликт од големи размери, сличен на Првата или Втората светска војна, главно поради заканите од Русија.

- Ако Украина падне, заканата од Русија нема да се намали, туку ќе се зголеми - порача тој.

Извор: Vecernji.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот