X
 25.04.2017 Образование

Криминалецот кој стана професор

Шон Хопвуд е професор по право на Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон.


Фото: Pixabay

Она по кое се разликува од неговите поранешни колеги е тоа што Шон некогаш бил крадец. Меѓутоа, не станува збор за ситен криминал. Хопвуд крадел банки во Невада и поминал 11 години во затвор за тоа.

Во август 1997 година, 23 годишниот Хопвуд кој бил избркан од универзитет и распуштен од американската морнарица, ограбил банка и украл 50.000 долари. Успешно ограбил уште четири банки пред да биде уапсен и осуден на 30 години затвор.

Додека ја служел казната, тој работел во затворската библиотека за право. Користејќи го стекнатото знаење успеал да напише правно барање до Врховниот суд за друг затвореник со кое барал повторно да се отвори случајот.

Во 2008 година излегол и дипломирал како правник, а за брзо време станал и автор. Денес предава на Универзитетот Џорџтаун. Прилично неверојатно, нели?

Освен тоа, после неговото дипломирање тој повторно се сретнал со неговиот службеник одговорен за условно казнети лица но овој пат како службеник, а не како поранешен осуденик, во панел заедно со судијата кој го осудил.

Неговиот фокус се сојузните задолжителни казни и огромната затворска популација во Америка.

„Тој ги разбира проблемите на начин на кој не ги разбираат другите академци“, изјавил деканот на Универзитетот, Вилијам Тренор.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование