X
 25.05.2024 Живот

Истражување открива кој е најстресниот животен настан за луѓето

Истражување спроведено во САД покажува кој е најстресниот настан за луѓето во текот на животот. Резултатите од истражувањето покажаа дека преселбата е најстресниот настан во животот за повеќето луѓе.

Истражувањето опфатило 1.000 Американци кои се преселиле во последните три години, па тие биле прашани за нивните искуства. Без оглед на тоа дали сами ја организирале преселбата или ангажирале фирма, 45 отсто од испитаниците рекле дека тоа е убедливо најстресниот настан во нивниот живот.

Следниот најстресен настан во животот на луѓето бил раскинувањето или разводот, со 44 отсто од одговорите.

Истражувањето било спроведено од „Уан пол“ во име на „Норт американс ван лајнс“ и покажа дека 64 отсто од испитаниците рекле дека нивното последно селење било една од најстресните работи што некогаш ги доживеале. Уште повеќе, од испитаниците што се преселиле, 43 отсто рекле дека никогаш повеќе не би го направиле тоа.

Главните точки на стрес биле: преместување на мебелот од домот, нагоре и надолу по скалите. Од друга страна, 94 отсто од испитаниците што изнајмиле фирма за да им помогне околу преселбата рекле дека вреди секоја потрошена пара.

Без оглед на тоа кој ги преместил од точката А до точката Б, истражувањето покажа дека најстресниот дел е пакувањето на нивните работи (48 отсто), проследено со внимателно сортирање што да чуваат и од што да се ослободат (47 отсто).

Згора на овие стресни точки е, се разбира, трошоците за преселување. Освен тоа, при преселбата оштетиле во просек по четири предмети. 35 отсто од испитаниците признале дека тајно скршиле или изгубиле некој предмет што му припаѓал на некој друг за време на преселбата затоа што не им се допаѓал.

Ова се другите најстресни настани во животот што ги спомнаа испитаниците:

- Преселба: 45 отсто
- Раскинување/развод: 44 отсто
- Свадба: 33 отсто
- Раѓање деца: 31 отсто
- Започнување на првото работно место: 28 отсто
- Започнување нова кариера/индустрија: 27 отсто
- Испраќање дете на факултет: 26 отсто
- Одење на факултет: 22 отсто
- Запознавање со некоја нова личност: 10 отсто
- Посвојување домашно милениче: 7 отсто
 
Извор: Studomat.ba
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот