X
 25.06.2018 Образование

Надежда Илиева и Лука Грашкоски освоија бронзи на Азиско-пацифичката математичка олимпијада

Македонската репрезентација се пласира на 24. место од вкупно 39 земји


Надежда Илиева од Велес, матурантка од гимназијата „Јахја Кемал“, и Лука Грашкоски од Скопје, прва година во „Нова“, освоија бронзени медали на 30. Азиско-пацифичка математичка олимпијада. Македонија освои две од вкупно 11 бронзени медали колку што беа доделени на Олимпијадата.
Во тимот на оваа значајна олимпијада годинава учествуваа и: Милан Тасевски, Мартин Динев, Никола Даневски, Алек Јармов, Мартина Танева, Анастасија Тортевска и Теона Никовска. Сите тие освоија почесно признание.
Македонскиот тим што учествуваше на оваа олимпијада во март годинава го освои 24. место од вкупно 39 земји. Трите најдобро рангирани држави се: Кореја, САД и Јапонија. За младите математички таленти, Илиева и Грашкоски, ова не е прво учество на оваа олимпијада. Минатата година тие добиja почесно признание.
Азиско-пацифичката олимпијада е едно од најзначајните светски натпреварувања од областа на математиката. Годинава учествуваа 352 средношколци.
Минатата година Димитар Бајрактаров од Струмица исто така се закити со бронзен медал.
Подготвил: Сребра Ѓорѓијевска / srebra.gjorgjijevska@fakulteti.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование