X
 25.06.2018 Живот

Временска прогноза за првите работни денови од последната недела од месец јуни

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од пладне и особено на запад и југозапад со врнежи од дожд и со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи во интервалот од седум до 16 степени Целзиусови, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. УВ индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе биде 12 степени, а дневната 23 степени.

Според УХМР, од утре до среда нашето подрачје ќе биде под циклонско влијание и ќе услови претежно облачно и посвежо време, на повеќе места со пообилни врнежи од дожд, особено пообилни во западните и јужните делови на земјава (локално над 50 л/м2 воден талог).

До среда ќе остане посвежо преку денот, а потоа температурите ќе се во пораст. (МИА)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот