Нова студија за нано честички од кои е создадена забната глеѓ, им пружа на научниците увид во тоа како џвакањето и јадењето влијаат на нашите заби. Поточно, истражувањето е насочено кон хидро-апатитските кристали, во нано честичките кои ја формираат забната глеѓ, поставувајќи ги во серија на тестови под притисок за да се види како се одржуваат и на високо детално ниво.
фото извор: alexisdc/Shutterstock.com
Научниците од САД и Кина се надеваат дека нивните откритија ќе доведат до подобрување на негата на забите. Целта е и да се разбере природата на најтврдото ткиво во човековото тело, на што е отпорно, а од што се распаѓа. Хидро-апатитските кристали се наредени еден врз друг и се залепени со протеини за да ја изградат забната глеѓ. Истражувачите ги набљудувале со современи микроскопи наменети за ортодонтски цели. Нанесувале притисок на површината на забите, со цел да симулираат џвакање и гризење.
На секое ниво на притисок, џвакањето предизвикувало многу поголема штета од гризењето. Биле забележани 3 вида на штета во текот на процесот – „кубење“, кога кристалите се раздвојувале, деформација, кога кристалите се виткале и исцедувале и фрагментација, кога хемиските врски кои ги поврзуваат кристалите се целосно скршени.
До сега не било целосно познато, што се случува со нашите заби при било нанесување на било каков товар кон нив, но сега научниците имаат детален увид во штетата која се нанесува. Сликите и мерењата кои се собрани во
истражувањето може да се користат во повеќе полиња, како стоматологија, еволуциска биологија, биомедицина.
Со ова исто така, ќе може да се работи и на мерки при начинот на исхрана со цел да се намали штетата на забите при внесување на храна и
џвакањето на истата. Освен тоа, овие информации ќе помогнат и при создавање на цврсти и отпорни површини на забите, за нивна заштита.