X
 25.07.2025 Наука

Научници од Флорида: „Блиску сме до развој на универзална вакцина против рак“

Научниците од Универзитетот во Флорида се еден чекор поблиску до развој на „универзална“ вакцина против рак, според спроведена студија. Новиот метод не е насочен кон специфичен тип  тумор, туку го стимулира сопствениот имунолошки систем на телото да ги препознава и уништува клетките на ракот, што би можело да го револуционизира третманот на сите форми на болеста.

- Кај активните видови рак имунолошкиот систем е измамен или неактивен. Овој пристап може да го разбуди и да ја врати својата улога во борбата против ракот - објаснува д-р Елиас Сајур, коавтор на студијата.

Вакцината функционира со будење на имунолошкиот систем кон нешто што изгледа опасно, а тој одговор потоа се претвора во препознавање и отфрлање на туморот. Концептот веќе се истражува во клинички испитувања врз луѓе и ако се покаже како успешен, би можел да создаде сосема нова парадигма во онкологијата.

Што значи ова за третманот на ракот?

Додека повеќето луѓе ги сметаат вакцините за превенција на болести, полето на онкологијата е во голема мера фокусирано на развој на „терапевтски“ вакцини, кои се даваат откако ракот веќе се развил. Дејвид Браун, професор на „Јејл“ кој не бил вклучен во студијата, истакнува дека постојните вакцини се обидуваат да го насочат имунолошкиот систем да нападне специфичен тумор, што го отежнува создавањето универзално решение.

Сепак, оваа студија сугерира поинаков пристап.


- Идејата е дека само вакцинацијата, без оглед на специфичната цел, може да го стимулира имунолошкиот систем доволно за да го нападне ракот. Тоа е многу интригантна идеја, но потребни се внимателни клинички испитувања - истакнал Браун.

Значењето на ова откритие е огромно, со оглед на тоа што ракот е втора водечка причина за смрт во Соединетите Држави, веднаш зад срцевите заболувања. Иако веќе постојат одобрени вакцини за некои видови рак, како што е ракот на простата, а други се во напредна фаза на тестирање, ова е прв пат да се замисли решение што може да се примени на сите видови рак.

Потенцијални предизвици и иднината


И покрај ветувачките резултати, експертите повикуваат на претпазливост.

- Потребни се ригорозни процени на безбедноста и оптимизација на терапевтските придобивки пред оваа стратегија да може да продолжи - смета Хуа Ванг, професор на Универзитетот во Илиноис.

Еден од клучните предизвици во развојот на вакцини е постигнувањето рамнотежа помеѓу ефикасноста и безбедноста. Друг проблем е недостигот на ресурси.

Дејвид Браун заклучува дека иако раните податоци се возбудливи, научниците сè уште имаат долг пат пред себе пред да можат да направат значително влијание врз третманот. Во наредните години ќе биде клучно да се најдат одговори на прашањата за најдобрите цели за вакцината, идеалното време на администрација и комбинацијата со други терапии, за да се докаже дека тие навистина го продолжуваат животот на пациентите.

Извор: index.hr

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука