X
 25.02.2020 Наука

Како влијае тридневниот викенд врз организмот на човекот?

Сите можеме да се согласиме дека викендот не ни е доволен. Поради подготвувањето во недела и анксиозноста дека наредниот ден сме на работа, викендите не нудат доволно мирни часови кога луѓето би можеле да си овозможат време потребно за да ги наполнат батериите, пред да почнат со новата работна недела.

Иако повеќето луѓе се очајни за подолг одмор, експертите велат дека три дена одмор може да бидат доста корисни за ослободување од стрес отколку целосен одмор.

Иако тридневниот викенд во минатото можеби значеше дополнителна вечер за забава, во земјата на возрасните тридневниот викенд обично значи уште едно утро кога можете да поспиете повеќе и уште еден ден што ќе го поминете не правејќи ништо.

vikend
Фото: Pixabay

Според д-р Никет Сонпал, гастроентеролог и професор на колеџот „Туро“, можноста да спиете повеќе е можност да ги наполните батериите и да се чувствувате подобро. Иако за многумина една дополнителна ноќ можеби не звучи како џек-пот, д-р Никет смета дека може многу да помогне. Во текот на еднонеделниот одмор ќе имате помала веројатност добро да се наспиете. Но, тридневниот викенд ве тера да бидете економични со вашето време и да го цените сонот, поради што, д-р Никет смета дека мини-паузата е одлична можност.

- Сонот има фундаментална улога во оптимизирање на начинот на кој нашиот мозок ги обработува информациите, нашата стабилност во расположението, начинот на кој се чувствуваме и како функционираат нашите невротрансмитери - вели д-р Сонпал. Од друга страна, недостигот на сон има моќ да создаде систематски умор.

- Истражувачите од Универзитетот „Гронинген“ во Холандија открија дека недостигот на сонот може да наруши еден од рецепторите во нашиот мозок, одговорен за ублажување на депресијата и анксиозноста - додава тој и напоменува дека не постојат опасности само за психата, туку и различни физички последици.

Поради недостигот на сон, може да сте помалку чувствителни на серотонин, хормонот што ги регулира апетитот, расположението и телесната температура.

Но, треба да знаете дека ако помалку спиете подолг временски период, тридневен викенд посветен на спиење нема да ја поправи штетата, туку само ќе го збуни вашиот циклус на спиење и ќе ви го отежни спиењето во текот на неделата.

Наместо тоа, д-р Никет предлага дека најдобриот начин да го надополните изгубениот сон е да легнете навреме и да додавате плус еден час сон во период од неколку дена.

- Ќе почнете да забележувате подобрувања во вашата ментална состојба и вашата когнитивна способност - вели д-р Никет, а по тридневниот викенд чувството на обновена ментална енергија на човек ќе му овозможи да се врати на работа свеж.

Извор: Bustle
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука