X
 25.07.2025 Живот

Вака изгледа најголемиот „Леголенд“ во светот

Најголемиот ресорт „Леголенд“ во светот е отворен во близина на Шангај, на почетокот од овој месец, со модели на згради направени од лего-коцки. Сместен во Фенгџинг, округот Џиншан, тоа е всушност првиот ресорт „Леголенд“ во Кина, кој се простира на површина од 318.000 квадратни метри.

Во рамките на забавниот парк има осум тематски зони, повеќе од 75 различни возења, претстави и атракции, како и илјадници лего-модели направени од над 85 милиони лего-коцки.

„Леголенд“ во Шангај се одликува со архитектура и мотиви инспирирани од кинеската култура. Така, можете да доживеете возење со брод низ лего-верзии на стари водни градови, но и модерната архитектура на Шангај. Целата околина е направена од лего-коцки, а моделите се 25 пати помали од вистинските згради.

Кулата е висока 60 метри

Технички, комплексот содржи повеќе од 75 атракции, вклучувајќи 35 големи возења, како и многу интерактивни инсталации. Меѓу технички најсложените атракции е „Лего мега костер“, како и кулата за набљудување висока 60 метри. Во зоната „Монки кид“ се наоѓа и највисоката лего-фигура досега - „Дада“, висока дури 26 метри, со тежина од 136 тони, што бара специјализирани темели и инженерска прецизност при склопувањето.

Во рамките на одморалиштето и тематскиот парк има шест големи ресторани, помали тезги со храна, како и десетина продавници распоредени низ целиот парк.


Дом на најголемата лего-продавница во Азија

Освен што е најголемиот „Леголенд“ во светот, овој парк е дом и на најголемата лего-продавница во Азија, „Биг шоп“. Во него посетителите можат да купат играчки, комплети, облека, сувенири и ограничени изданија кои се достапни само во Шангај. Веднаш до тематскиот парк е изграден хотелот „Леголенд“, за оние што сакаат да останат подолго на самата локација.

Покрај големото отворање на паркот, официјално започна и 36. Шангајски туристички фестивал, летна манифестација на локалната самоуправа, кој се одржува од 5 јули до 31 август 2025 година.

Извор: gradnja.rs

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот