X
 25.08.2023 Здравје

Дали морската вода навистина има позитивен ефект врз здравјето?

Уште од античко време луѓето знаеле дека морето позитивно влијае врз здравјето. Научниците наведуваат четири причини зошто треба да одите на море.

Може да го зајакне имунолошкиот систем

Морската вода е полна со витамини, соли, аминокиселини и микроорганизми кои дејствуваат како природни антибиотици и му помагаат на нашето тело да се бори против штетните бактерии.

Со вдишување на морскиот воздух во организмот ќе внесете негативно наелектризирани јони кои се важни за одбраната на организмот. Исто така, со пливање ќе ги проширите порите на кожата, со што ќе го забрзате исфрлањето на токсините.

Може да ја подобри циркулацијата

Пливањето во голема мера придонесува за квалитетот на циркулацијата на крвта, а потоплата морска вода може ефикасно да ги компензира минералите изгубени поради стрес, лоша исхрана и надворешно загадување.

Го балансира организмот

Додека пливате во морето, вашето тело почнува процес за самолекување, намалувајќи ги симптомите на болести како што се астма, артритис, бронхитис и воспаление.

Водата богата со магнезиум ги опушта мускулите и позитивно влијае врз квалитетот на сонот, што придонесува за ментална стабилност и добро расположение.

Може да има позитивен ефект врз кожата


Веќе споменатиот магнезиум во морската вода помага во хидратацијата и надворешниот изглед на вашата кожа. Помага и за намалување на црвенилото и рапавите површини на кожата, а на луѓето што страдаат од дерматолошки проблеми им се препорачува да поминуваат што повеќе време во море.

Извор: b92.net
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје