X
 28.07.2025 Живот

Истражувачи пронашле „Книга на мртвите“ на гробишта стари 3.500 години: Била опкружена со морничави нешта

Египетските археолози открија гробишта стари околу 3.500 години кои кријат богатство од историски артефакти - од мумии и статуи до редок папирусен свиток долг 13 метри со делови од „Книгата на мртвите“.

Свитокот е пронајден во 2023 година во областа Ал-Гураиф, а според тогашниот генерален секретар на Египетскиот врховен совет за антиквитети, Мостафа Вазири, добро е зачуван. Овој ракопис играл важна улога во древните египетски погребни обичаи бидејќи бил дизајниран да им помогне на починатите да „навигираат“ низ задгробниот живот.

Книгата на мртвите - водич за подземјето


„Книгата на мртвите“ е името што го даваат современите научници на збирка древни египетски текстови. Нивните оригинални имиња често се преведуваат како „Книга на зората“ и служеле како водичи за безбедното патување на душата во задгробниот живот. Ваквите списи честопати биле оставани покрај починатиот во гробницата.

Новооткриените гробишта датираат од периодот на Новото Кралство (околу 1550–1070 пр.н.е.), еден од најмоќните и културно најбогати периоди на антички Египет.


Мумии, саркофази и фигурини за задгробниот живот

Покрај реткиот свиток, археолошкиот тим открил и мумии, камени и дрвени саркофази, амајлии и многу фигурини „шабти“. Овие мали скулптури, познати и како „ушабти“, имале симболична функција - се верувало дека им служеле на починатите во задгробниот живот, извршувајќи задачи во нивно име.

Во официјалното соопштение од египетското Министерство за туризам и антиквитети се споменува и откривањето на канопски тегли, кои се користеле за зачувување на внатрешните органи на починатите по балсамирањето.

Експерти за значењето на откритието

Лара Вајс, директорка на германскиот музеј „Ромер и Пелицеус“, која е експерт за „Книгата на мртвите“, изјавила дека станува збор за „извонредно откритие“.

- Ако свитокот е толку долг и добро сочуван, тоа дефинитивно е големо и интересно откритие - рекла Вајс.

Покрај свитокот и фигурините, археолозите пронашле и остатоци од камена архитектура и дрвени ковчези кои некогаш содржеле мумифицирани тела.

Извор: klik.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот