X
 25.11.2019 Култура

Изложба на графики од „Графичката работилница Софија“ во Музеј на град Скопје

Повеќе од 120 графики создадени на последните три главни сесии на „Графичката работилница Софија - Богданци“ утре ќе бидат изложени во Музејот на град Скопје. Станува збор за дела во различни графички техники чии автори се млади и талентирани уметници од академиите во Белград, Нови Сад, Ниш, Загреб, Осиек, Љубљана, Варшава, Солун, Сараево, Софија и Скопје. Традиционалната триенална изложба, која ја организира Здружението на граѓани „Графичка работилница Софија“ од Богданци, ќе биде отворена утре (26 ноември) во 19:30 часот.

„Графичката работилница Софија – Богданци“ е јадрото на едно продуктивно уметничко движење кое веќе 12 години ги обединува младите графичари од Македонија и од регионот. Главната сесија се одржува секоја година на крајот на август и почетокот на септември и на неа досега имаат учествувано над 200 уметници од целиот регион. Улогата на ментори ја имаа истакнати графичари и универзитетски професори од Македонија, Србија, Хрватска и од Босна и Херцеговина.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура