X
 20.10.2021 Култура

Изложба на дела на Пикасо во Ѓорче Петров

Оригинални керамики, цртежи и графики од славниот уметник Пабло Пикасо денеска напладне ќе бидат изложени во Домот на културата во Ѓорче Петров, како дел од изложбата во организација на галеријата „Остен“ и Општина Ѓорче Петров. Изложбата ќе биде поставена од 12 до 22 часот, а официјалното отворање е во 19 часот. Влезот е бесплатен.

Станува збор за 83 оригинални дела на Пабло Пикасо, од кои 8 цртежи, 26 керамики и рачно потпишани графики, кои се дел од колекцијата на „Остен“.

Оваа изложба вторпат се организира во Скопје, а единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на „Остен“ претходно беше организирана во галеријата „Остен“ во 2011 година.

фото: ФБ-страна на ОСТЕН


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура