X
 25.11.2022 Живот

„Старбакс“ отвори кафуле во традиционален дом во Кореја стар еден век

Во Даегу, Јужна Кореја, е отворено уникатно кафуле „Старбакс“.

Сместена во дрвен ханок, чија историја се протега низ 100 години, продавницата е револуционерна трансформација на овој традиционален корејски дом. Со зачувување на интегритетот на структурата - вклучувајќи ги дрвените греди, подот и покривот и модернизирање на ентериерот, во продавницата е постигната совршена хармонија помеѓу почитувањето на минатото и насочувањето кон иднината.

1

Ентериерот е исполнет со светлина благодарение на отвореноста на катот, типично за изгледот на ваквите градби во јужниот дел на земјата. Сувите градини се вградени во подот, а околу 20 седишта беа поставени во паркетот за луѓето да можат да пијат кафе додека гледаат во градината на отворено.

2

4

Музиката е составен дел на просторот, а „Старбакс Кореја“ објави партнерство со „Банг & Олуфсен“. Со оглед на тоа што градот Даегу се смета за музичка престолнина, сосема е соодветно продавницата да има звучен систем од „Банг & Олуфсен“. Еден агол од продавницата е одреден како посебен простор за слушање музика, каде што луѓето можат да уживаат во своите пијалаци опкружени со музика.

4

Извор: Mymodernmet.com
Фото: Starbucks Korea
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот