X
 11.06.2018 Култура

Како Јужна Кореја го намали бројот на самоубиства?

Во Јужна Кореја речиси 30 отсто од сите самоубијци се на возраст над 65 години. 70-годишната Сеонг Јанг-Сок од Сеул вели дека по неколку години поминати како сиромашна вдовица, за малку ќе станела уште една жртва на самоубиство.

- Чувствувам дека мојата генерација е заборавена. Работев напорно и бев многу вредна, но некако завршив тука - вели таа.

Додека стапките на самоубиства во развиениот свет паднале или стагнирале во изминатите децении, тие се зголемиле во Јужна Кореја. Во 1995 година во Јужна Кореја имало 12,7 самоубиства на 100.000 луѓе. Тој број достигнал 33,3 до 2010 година.

foto
Фото: MBC News


Од 2003 година Јужна Кореја имала највисока стапка на самоубиства меѓу развиените земји, според Организацијата за економска соработка и развој.

Самоубиствата се почести меѓу јужнокорејските постари лица. Тие се поголем дел од населението во Јужна Кореја, а речиси половина од нив живеат во сиромаштија. Исто така, самоубиствата се водечка причина за смрт и кај тинејџерите; речиси 8 отсто во 2014 година изјавиле дека имале самоубиствени мисли.

- Премногу луѓе во Јужна Кореја имаат застарени ставови за психолошките заболувања - пишува авторот Јонг-Ха Ким.

- Многумина мислат дека кога некој има самоубиствени мисли, едноставно нема доволно силна волја да живее; тој е слаб. Постои малку емпатија или интерес за овие луѓе - додава тој.

Пусан и Инчеон, двата најголеми града во Јужна Кореја, спровеле програми за спречување на самоубиствата во нивните градови. Властите го забранија високо токсичниот убиец на плевел наречен „паракват“, со што веднаш се намали стапката на самоубиства.

„Паракватот“ и другите пестициди се користеле за петтина од самоубиствата во 2006 до 2010 година. Труењето во глобала е втор најчест метод за самоубиство кај постарите мажи од Јужна Кореја и кај постарите жени.

Во 2011 година Јужна Кореја започна да ги спречува купувањата на „паракватот“ и целосно ја забрани продажбата во 2015 година. Од 2011 до 2015 година стапката на самоубиства се намалила за речиси 15 отсто, покажува извештајот на СЗО.

Мон Јае-ин, претседател на Јужна Кореја, кој застана на чело на државата минатата година, вети дека ќе ги намали стапките на самоубиства на 20 случаи на 100.000 до 2020 година.

Во јануари, владата на Јужна Кореја започнала иницијатива за намалување на стапките на самоубиство преку ангажирање на заедницата. Нивната цел е да обучат еден милион верски и граѓански групи за превенција на самоубиствата, да анализираат студии на случаи и да спроведат повеќе скрининг-тестови. Но буџетот за борба против овие мерки и натаму останува низок: 9,2 милиони долари. Тоа е 0,02 отсто од владиниот буџет за намалување на сообраќајните незгоди.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура