X
 25.12.2017 Живот

Земјите што двапати го слават Божиќ

Божиќ е еднаш во годината. Но, не е секаде така. Годинава Украина го призна 25 декември како официјален празник, заедно со православниот Божиќ на 7 јануари. Сега е петтата земја на светот со два Божиќа, а се приклучуваат и Белорусија, Еритреја, Либан и Молдавија.

Изворите за вакво нешто потекнуваат длабоко од историјата. Во 1582 година папата Грегориј XIII одобрил реформа на јулијанскиот календар. Русија го присвоила грегоријанскиот календар во 1918 година. Но, Руската, Српската и Македонската православна црква се водат по јулијанскиот, кој доцни 13 дена.
Атеистичкиот Советски Сојуз не го признавал Божиќ како јавен празник. Но, по распадот Белорусија одбила да одбере, па се слават двата Божиќа уште од 1991 година. Молдавија го избрала православниот, но 25 декември го додала како дел од нивното вклучување во ЕУ. Во Либан несигурниот мир е поткрепен со политика на славење на сите религиозни празници.

Украина во најголемиот дел е православна, како и Молдавија, но признавањето на 25 декември е дел од вртењето кон западниот свет. Но, славењата се многу поскромни отколку на Западот. Се готват традиционални јадења и семејството се собира на семејна трпеза, во поскромна смисла.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот