X
 26.01.2020 Спорт

Загина легендарниот Коби Брајант

Кошаркарската икона Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија.

Ти-ем-зет пренесе дека 41-годишниот Коби патувал со најмалку 3 други лица во неговиот приватен хеликоптер кога се срушил. Потоа избил пожар. Итните служби веднаш реагирале, но наводно никој не преживеал. Потврдено е дека има петмина загинати. Причината за уривањето на хеликоптерот се истражува.

Според известувањата,една од ќерките на Коби, Џијана Марија Онор, исто така била во хеликоптерот и загинала во несреќата. Таа имаше 13 години.

Коби со години користи хеликоптер за патувањата, уште од времето кога играше за Лејкерси.

Тој се смета за еден од најдобрите НБА-играчи на сите времиња. Коби е петтиот играч во историјата на НБА кој одиграл 20 сезони (но, првиот играч кој сите ги одиграл во еден клуб) во кои освоил пет шампионски прстени, постигнал 30.000 поени, имал над 6.000 асистенции, 18 пати настапил на „Ол-стар“ натпреварите, двапати бил прогласен за најкорисен играч (МВП) на сезоната, а со репрезентацијата на САД освоил два олимписки медали. Најпосле, тој е вториот играч во историјата на НБА со најмногу постигнати поени на еден натпревар (во 2006 година, во натпреварот против „Торонто репторс“ постигнал 81 поен).

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт