X
 26.01.2022 Живот

Комисијата за заразни болести препорача второто полугодие да почне со физичко присуство

Комисијата за заразни болести препорача почетокот на второто полугодие од учебната 2021/2022 година, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи, соопштија од Министерството за здравство.

Оттаму наведуваат и дека на состанокот на Комисијата за заразни болести била разгледана актуелната епидемиолошка состојба со ковид–19 во земјава.

-Заради континуираниот пораст на бројот на новозаболени и со цел проширување на болничките капацитети, Комисијата препорача од клиниките кои претходно работеа како ковид-центри во рамки на првата фаза, Клиниката за кожни болести и Клиниката за неврологија во Скопје во наредните денови да продолжат со работа како ковид-центри и да се отвори дополнителен ковид оддел во ГОБ „8 Септември”. За ова сите три јавни здравствени установи веднаш се известени за преземање на сите неопходни активности - стои во соопштението.

Воедно, Министерството за здравство ги задолжило универзитетските клиники, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза, Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза кај децата Козле-Скопје и Специјалната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“, при зголемување на бројот на новозаболени, а на кои им е потребна хоспитализација, да бидат организациски подготвени за спроведување на здравствениот третман на пациентите болни од ковид-19.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот