X
 26.02.2023 Живот

Туристички атракции што сигурно нема да ги посетите во 2023

Пред да почнете да планирате патувања за 2023 година, разгледајте ги дестинациите кои дефинитивно нема да можете да ги посетите. Дел од овие туристички атракции се привремено затворени поради реновирање или преселба, а некои засекогаш ја затвориле својата врата.

Улица на возови, Ханој, Виетнам

Оваа улица е фотогенична, но и опасна. Возовите поминуваат на само неколку сантиметри од куќите и продавниците, а поради туристите, локацијата повеќе не е безбедна. Минатата година им биле одземени дозволите за работа на сите фирми чии возови поминувале на ова место, па затоа познатата Улица на возови веќе не постои.



Парк на птиците во Сингапур

Најголемиот азиски парк на птици најавил затворање по повеќе од 50 години работа. Паркот ќе биде реновиран и проширен, а повторно ќе биде отворен во 2025 година.



Музеј на писатели, Даблин, Ирска

Овој музеј бил затворен во 2020 година поради пандемијата, но никогаш нема да се отвори. Од музејот изјавиле дека повеќе не ги исполнуваат очекувањата на современите посетители во поглед на достапност, презентација и интерпретација.

Пловечки ресторан „Џамбо кингдом“, Хонгконг

Познатиот ресторан бил затворен поради пандемијата, а сопственикот не успеал да го спаси од пропаст. Неодамна овој ресторан потона при пренесување на местото на кое требало да биде расклопен.



Лондонски музеј, Лондон, Велика Британија

Музејот на популарна историја и култура на Лондон, основан во 1912 година, ќе биде затворен до 2026 година. Музејот се сели на нова локација во близина.

Извор: Punkufer
Насловна фотографија: Instagram (printscreen) 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот