X
 02.05.2021 Наука

Набљудувањето на птиците може да ве направи посреќни отколку добивањето пари

Го знаете чувството кога ќе забележите необична птица низ вашиот прозорец; минлив момент кој нуди чувство на радост и љубопитност, слично како да си дете.

Едно ново истражување посочува дека набљудувањето птици навистина може да ги направи луѓето посреќни отколку добивањето огромна сума пари.

Според истражувањето спроведено во Германскиот центар за истражување на интегрален биодиверзитет, уживањето на поединецот во животот е во директна корелација со бројот на птици во близина.

- Европејците се особено задоволни од нивните животи ако нивното непосредно опкружување е домаќин на голема разновидност на видовите - објаснува водечкиот автор Џоел Меторист, истражувач-докторанд во Центарот за биолошка разновидност и клима во Сенкенберг и Универзитетот „Гете“ во Франкфурт.

- Според нашите откритија, најсреќни Европејци се оние што можат да видат различни видови птици во нивниот секојдневен живот или што живеат во природна околина каде што има многу видови.

Но, зошто гледањето птици е активност што предизвикува радост и чувство на задоволство? Еве што велат психолозите и психотерапевтите.

Помага во поттикнувањето совесност


Луѓето имаат тенденција да мислат на совесноста како на тивка вежба за медитација. Она што луѓето не го сфаќаат е дека совесноста може да се вежба на различни начини.

- Целта е да се биде присутен и фокусиран на она што се случува овде и сега, а набљудувањето птици е прекрасна активност што треба да се прави внимателно - објаснува Алисон Герваис, психотерапевт во „Ел-ем-еф-ти псајкотерапист“.

- Едноставен начин да го направите тоа е тивко да го опишете сето она што го гледате, и тоа подетално. Кои бои ги гледате? Текстура? Големина и форма? Каде стои птицата? Опишете како да сте на филм. Тоа е совесност, внимателност - вели таа.

птици
Фото: Pexels

Целосно присуство во моментот

Без оглед на тоа колку мисли имате во главата, одвојте неколку минути и почнете да ги набљудувате птиците во вашето соседство - тоа е лесен начин да ги смирите тие мисли.

Гервејс вели дека не можете да имате две мисли одеднаш, па ако ги забележите прекрасните пердуви на птиците и нивните звуци, нема да размислувате за стресот.

Помага да се поврзете со природата

- Минатата зима купив хранилка за птици што можев да ја гледам од прозорецот во мојата кујна. Доаѓаат многу птици и неверојатно е да се набљудуваат - вели д-р Тара Салај.

- Набљудувањето на птиците е одличен начин за човек да се поврзе со природата, особено кога времето е постудено и не можат толку често да се извршуваат активности на отворено - додава таа.

Дава практична основа

Според д-р Салај, издвојувањето време за набљудување на птиците, дури и само од вашиот прозорец, е практична основа за навлегување во рутината, без оглед дали е тоа наутро или периодично во текот на денот, кога чувствувате дека ви треба пауза.

- Сакам да го почнам утрото стоејќи пред прозорецот од кујната со моето утринско кафе и да ги гледам птиците. Тоа е основна активност и одличен начин да се почне денот. Поврзувањето со природата со активност како набљудување на птиците е корисно за нашето ментално здравје и целокупната благосостојба - вели д-р Салај.

Извор: Ladders.com
Фото: Pexels
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука