X
 26.06.2025 Забава

Утре ќе почне да се прикажува третата и последна сезона на популарната „Игра со лигни“

Период е на летни горештини, а со тоа и време за гледање филмови во климатизиран простор, нели? Третата и последна сезона од серијата „Игра со лигни“, најгледаниот оригинален проект на „Нетфликс“ на сите времиња, ќе ја заврши приказната овој петок, 27 јуни. Глобалната публика со нетрпение го очекува исходот.

Без разлика каде живеете, ќе можете да почнете со гледање на серијата токму на 28 јуни. Поради различните временски зони, точното време на објавување ќе варира од земја до земја.

За да дознаете кога можете да почнете со гледање, подолу е распоредот за клучните региони. Нашата земја не е на листата, па ориентирајте се според централноевропското време.

САД – 12:00 PT / 3:00 ET

Канада – 12:00 PT / 3:00 ET

Бразил – 4:00 BRT

Обединето Кралство – 8:00 BST

Централноевропско време – 9:00 CET

Индија – 12:30 IST

Сингапур – 15:00 SGT

Јапонија – 16:00 JST

Јужна Кореја – 16:00 KST

Австралија – 17:00 AEST

Нов Зеланд – 19:00 NZST


Колку епизоди има третата сезона?

Третата сезона на „Игра со лигни“, која директно го наследува финалето од претходната сезона, се состои од шест епизоди.

„Нетфликс“ ќе ги објави сите шест епизоди одеднаш на 27 јуни, што значи дека обожавателите ќе можат да го гледаат целото финале на најпопуларната серија во историјата на стриминг-услугата.

Извор: mob.hr

Фото: YouTube screenshot

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава