X
 26.07.2019 Живот

Отворен е конкурсот за фотографии за традиционалната изложба „Со љубов од Битола“

Центарот за европски развој и интеграција во партнерство со НУ Центар за култура Битола објавува конкурс за фотографии за традиционалната изложба „Со љубов од Битола 2019″

– Конкурсот ќе биде отворен од 05.07.2019 до 01.08.2019;
– Право на учество имаат сите љубители на фотографијата- аматери и професионалци;
– Тема на конкурсот е „Битола од необичен агол“.

Награден фонд – прва награда: 4.000 денари, втора награда 3.000 денари и трета награда 2.000 денари.

Пропозиции и технички спецификации

– Фотографијата треба да содржи мотиви или елементи кои недвосмислено посочуваат дека делото е создадено во Битола;
– Секој учесник може да прати најмногу три фотографии (стручното жири во состав Дражан Брачиќ – фотограф , Ивона Кочов –фотограф, Диоген Хаџи – Коста Милевски претставник од ЦЕРИ ќе изврши селекција фотографиите кои ќе бидат дел од изложбата);
– На фотографијата да нема потпис или друг дополнително внесен текст или графички елементи;
– Фотографијата да е со минимална резолуција 4000 x 2000 pixels 300 dpi 24 bit depth Full color;
– Фотографијата да не е претходно испратена на конкурсот „Со љубов од Битола“.

Фотографијата заедно со пополнета пријава треба да се испрати на: cedi.mk@gmail.com најдоцна до 01.08.2019 година со назнака „За конкурсот Со љубов од Битола 2019“.

Организаторот го презема трошокот за изработка на фотографиите. Стручното жири ќе изврши селекција на пристигнатите фотографии и ќе направи избор на најдобрите три фотографии.

Изложбата „Со љубов од Битола 2019“ ќе се реализира во втората половина на месец август 2019 во НУ Центар за култура Битола.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот