X
 20.12.2016 Култура

Фотографија која ги менува сознанијата за погромот на Евреите

Гардијан објавил невероjaтна приказна за пронаоѓање на фотографија од 1946 година на која би можел да биде Хершел Гринсзпан. Досега се верувало дека тој еврејски атентатор, со чие убиство германските дипломати нацисти го оправдале Кристалнахт, починал за време на Втората светска војна.

 

евреи


Гринсзпан во 1938 годин извршил атентат на германскиот дипломат Ерснт вом Ратх во Париз, што било повод за насилен погром на 9 ноември истата година.

Контроверзна историска фигура

Хершел Гринзспан е полски Евреин кој се' до денес останал контроверзна личност. Се верува дека завршил во еден од концентрациски логори во текот на раните 40ти години, но фотографијата откриена во архивите на Виенскиот музеј на Евреите сугерира дека е можно да ја имал преживеано војната.
Фотографијата направена во Германија во 1946 година го прикажува Гринсзпан на возраст од 24 години, а нејзиното откривање би можело да реши една од најголемите мистерии од нацистичката ера.

„Нема сомнение дека на фотографијата е Хершел Гринсзпан“, вели Армин Фурер, ценет германски историчар и новинар кој ја пронашол фотографијата.

„Фотографијата била направена случајно, но важна е бидејќи неговата судбина до сега била непозната“.

Гринсзпан на 7 Ноември 1938 влегол во Германската амбасада во Париз и пет пати пукал во Ернст вом Ратх. Се верува дека го направил тоа за да ги одмазди илијадниците еврејски бегалци, вклучувајки ги и членовите на неговото семејство, кои биле протерани од Германија и заглавиле на полската граница во мизерни услови.

Нацистичкиот министер за пропаганда Гебелс вом Ратово убиството го искористил како прилика за брутална одмазда на еврејските дуќани и синагоги. Чинот на Гринсзпан за некои бил херојско дело, а за некои предавничко. Мислењата за него се поделени и до ден денес.

Во очите на многу историчари токму тој настан го означил почетокот на Холокаустот. Тогаш 17-годишниот Гринсзпан веднаш после атентатот бил уапсен и пренесен во Германија на испитување. Потоа бил пренесен во концентрациски логор Захсенхаузен, е се верувало дека таму бил и убиен.

Разни гласини за тоа дека е жив

Постојат и наводни очевидци кои тврделе дека го виделе во последните денови од војната, а во 50те постоеле гласини дека живеел во Израел или Хамбург, но досега не постои никаков доказ дека ја преживеал војната.

 

2


Фурер е уверен дека новооткриената фотографија го прикажува Гринсзпан.

Технологијата за препознавање на лица потврдила дека постои веројатност од 95% дека се работи за него. Личноста на фотографијата, за која се претпоставува дека е Гринсзпан, одговара со протестите против британските власти поради недопуштањето за емиграција во Палестина.

„Штом ја погледнавме фотографијата знаевме дека е тој. Мислевме дека била направена пред крајот на војната, бидејќи верувавме дена не преживеал. Сите на кои им кажав за фотографијата ми рекоа дека идејата дека има преживеано е апсурдна, се додека фотографијата не ја покажав на Армин Фирер“, раскажала шефицата на активистите во виенскиот музеј на Евреите.

Денес би имал 95 години

Фирер е водечки експерт за случајот на Гринсзпан. Со него се занимава во последните пет години, а во својата книга „Хиршел“ го опишува убиството и она што следувало после него.

„Фоѕографијата дава повеќе прашања отколку одговори. Што направил со остатокот од својот живот, како преживеал, дали некој го штител, а ако го штител, кој е тој?“ вели Фирер.

Гринсзпан никогаш не завршил во судница. Гебелс сакал големо јавно судење во кое би му се судело во име на сите Евреи на кои на режимот му прогласиле војна. Но, откако Гринсзпан го променил исказот и тврдел дека вом Ратх приватно го познавал и дека атентатот е злочин од страст поврзан со неговиот личен, романтичен однос, Хитлер го одложил судењето. Затворениците со кои Гринсзпан бил во Захсенхаузен изјавиле дека тој им признал дека приказната за сексуалниот мотив била лажна.

Низ годините кружеле разни гласини за тоа како Гринсзпан го променил името и живеел во Париз каде водел бензинска или работел во шпедитерска компанија, меѓутоа никогаш не се појавиле докази. Неговите родители, кои го преживеале Холокаустот и се преселиле во Израел, го прогласиле за мртов во 1960 година, што им овозможило од Германија да добијат пензија. Доколку денес би бил жив, Гринсзпан би имал 95 години.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура