X
 26.07.2022 Здравје

Во Хрватска извршена трансплантација на три органи кај еден човек

Лекарскиот тим на болницата „Меркур“ првпат во Хрватска му трансплантирала три органи на пациент. Пациентот е 42-годишен маж, а му биле трансплантирани панкреас, црн дроб и тенко црево. Операцијата траела шест часа, пренесува хрватската телевизија ХРТ.

Хируршкиот тим го водел Стипислав Јадријевиќ, а оној за експлантација бил воден од Данко Микулиќ.

- Пациентот веќе имал трансплантиран црн дроб, сега доби нов, како и панкреас и тенко црево. Тој боледувал од синдром на кратко црево, поради што страдал црниот дроб и единствен начин беше да му направиме мултиорганска трансплантација - изјавил Јадријевиќ.

Тој додал дека операцијата била голем предизвик и дека обично работи на трансплантација на органи кај деца. Мултиорганските трансплантации се прават ретко во светот, додал Јадријевиќ.

-Во Германија, земја која има 80 милиони жители, последниве години не е направена ниедна таква операција - истакнал Јадријевиќ.

Тој додал дека операцијата на тенкото црево е трета направена во Хрватска.


Извор: HRT Vijesti
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје