X
 26.08.2023 Живот

ЕХФ: Лудиот ракометен град Битола е подготвен да ја пречека европската елита

Ако одлучите да се прошетате по секогаш фреквентната пешачка улица Широк сокак во Битола, веднаш ќе забележите дека расположението на локалното население е значително подобрено. А причината е многу едноставна, но исклучително важна за нив. Еурофарм Пелистер по цели 18 години ја освои титулата во македонската Суперлига и на тој начин обезбеди пласман во ЕХФ Лигата на шампионите.

По 18-годишното чекање, од 2005/06 година, граѓаните на Градот на конзулите се оптимисти дека плимата конечно се сврте и дека нивното време е сега.

Но, кој би помислил дека одговорот за прекинувањето на долгогодишната доминација на РК Вардар 1961 е во минатото? И покрај бројните етаблирани странски тренери кои беа на чело во последните неколку децении, тренерската двојка која ја врати долго посакуваната домашна титула во Битола ја сочинуваа Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.

Тие беа назначени и го наследија данскиот тренер Ларс Валтер во март годинава, на само неколку месеци до крајот на сезоната. Јовиќ успешно беше тренер на вториот тим на Еурофарм Пелистер во изминатите неколку години, а Шундовски беше достапен. Првиот е пензионирано десно крило, кој беше дел од последниот тим на зелено-белите за освојување на титулата, кој го крена пехарот во македонската Суперлига во 2005 година, а Шундовски му беше негов тренер.

Сега, со Јовиќ како главен тренер и Шундовски како тим-менаџер, тие ќе го водат клубот во исклучително тешката група А од Лигата на шампионите. 49-годишниот Јовиќ ја поздрави идејата и совршениот спој на искуство и младост во сегашниот тим.

- Како тренерски и менаџерски тим, сигурен сум дека ќе направиме сѐ за да го претставуваме нашиот клуб и нашиот град во Лигата на шампионите на ЕХФ, а дополнително да ги оствариме зацртаните цели во Суперлигата и Купот на Македонија. Нашата визија е да се направи комбинација на квалитетни млади македонски играчи со странски играчи. Не сакаме да имаме премногу играчи во ростерот, мислам дека со уште едно или две засилувања ќе направиме одличен тим за новата сезона - вели Јовиќ.

pobednik
Фото: Eurofarm Pelister/Facebook

Битолскиот клуб во текот на летото значително го засили составот за соодветно да се подготви за претстојната сезона, но едно од најважните засилувања можеби е надвор од теренот, бидејќи нивниот поранешен играч Бранислав Ангеловски беше назначен за нов спортски директор. 46-годишниот битолчанец, исто така беше дел од тимот што ја освои титулата заедно со Јовиќ и Шундовски во 2005 година.

- Како и секое дете што растеше во Битола, и јас ги следев чекорите на клубот играјќи во првенството на Југославија. Совршено се сеќавам на секоја важна победа и неколкуте порази кои нѐ спречија да бидеме крунисани за шампиони на Југославија, а потоа нѐ спречија да го кренеме европскиот трофеј. Во тој момент сѐ што сонував беше еден ден да го облечам зелено-белиот дрес. Таа мотивација и желба ми помогнаа да станам играч на тимот што го поддржував како дете.

- Нашата последна титула ја освоивме пред 18 години и како минуваше времето, сите мислевме дека освојувањето нова е далечна реалност, но на крајот од минатата сезона успеавме, на чело со Јовиќ и Шундовски и ја подигнавме титулата. Целиот тим одигра како еден и заедно со нашите верни навивачи го направивме тоа, а Битола беше сведок на освојувањето на уште еден историски успех. Се надеваме дека ова е само почеток на она што следува во блиска иднина! - вели Бранислав Ангеловски.

Дополнително, составот има нов капитен бидејќи искусниот Жарко Пешевски ја презеде улогата на капитен по заминувањето на Мирко Радовиќ, а македонскиот пивотмен е решен неговите нови соиграчи да им помогнат на старите да го претстават клубот на најдобар можен начин. Меѓу новодојдените се Калифа Гедбане (КС Динамо Букурешт), Андреас Јохан Нилсен (Морс), Нејц Цехте (ГОГ Гудме), Емилијан Ѓорговски (РК Еурофарм Пелистер 2), Урош Борзаш (Елверум), Павле Петровиќ (РК Еурофарм Пелистер 2) и Домен Тајник (РК Горење Велење).

- Поминуваме низ супертешки подготовки. Ќе треба да се подготвиме максимално за да бидеме подготвени за Лигата на шампионите на ЕХФ и сите предизвици. Сите дебитанти се добредојдени и добро примени од самиот почеток. Сите се желни да се докажат. Верувам дека ни претстои успешна сезона, со многу забава и верувам дека ќе остане запаметена во историјата - објаснува Пешевски.

пелистер
Фото:

Може да се тврди дека амбициозноста и силата на РК Еурофарм Пелистер во длабочина се прикажани со квалитетот на нивниот голмански сојуз - со поранешниот победник на ЕХФ Лигата на шампионите, Калифа Гедбане (со РК Вардар 1961 година во 2019 година) кој им се придружува на Марко Кизиќ и Урбан Лесјак меѓу стативите. Но, уште еден играч кој исто така паѓа в очи е талентираниот српски лев бек, Урош Борзаш, кој го замени Елверум за Битола и 24-годишниот играч треба да биде едно од главните оружја на тимот во претстојната сезона.

- Јас и моето семејство имавме стресен период во Елверум и морав да ја сменам средината. Еурофарм Пелистер ми изгледаше како совршено решение, а друг аспект беше фактот што Битола е многу блиску до мојата родна земја. Во последните 11 години играв во странство и почнав да се чувствувам малку носталгично и да ми недостигаа културата и менталитетот на Балканот.
Донесов одлична одлука со приклучувањето на тимот и навистина верувам дека Еурофарм Пелистер е најдобро управуваниот клуб на Балканот. Конечно, веќе се чувствувам како да припаѓам овде! - вели Борзаш.

Битолскиот клуб помина напорна претсезона со учеството на Интернационалниот ракометен ТВ-турнир во Добој каде што нивното суперталентирано десно крило Ненад Костески беше избрано во „Ол-стар“ тимот и покрај силната конкуренција на неговата позиција. Последно, но не и најмалку важно, тимот учествува на меѓународниот ракометен турнир наречен Крсте Андоновски во Охрид пред почетокот на новата сезона.

Зелено-белите ја отвораат сезоната на ЕХФ Лигата на шампионите на домашен терен во салата „Боро Чурлевски“ против Колштад на почетокот на септември и тоа е повод кој секој битолчанец го очекува со големо нетрпение!

Извор: Euorhandball.com
Фото: Eurofarm Pelister/Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот