X
 16.04.2019 Образование

УКЛО Тривиум: Ораторите ќе говорат за дигитална (р)еволуција

Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, во пресрет на Денот на основањето на УКЛО и одбележување на четириесет годишниот јубилеј, на 19 април 2019 година, по четврт пат организира натпревар во ораторство, за студентите од сите единици на Универзитетот, на тема:
 40 години УКЛО:  Дигитална (р)еволуција

Со активирањето на овој дел од студентскиот потенцијал УКЛО нуди одлична можност студентите да ги подобруваат вештините за јавно говорење и да ги аргументираат личните ставови  поврзани со тема која на еден актуелен начин прави спој меѓу јубилејот на УКЛО и дигитализацијата која не го одминува и високото образование,особено затоа што дигиталните промени не значат само технолошки напредок.
Од УКЛО велат дека, во една заначајна година за Универзитетот целта е да се чуе гласот на младите академски кадри од УКЛО, нивните лични осврти за дигитализацијата, за промените и иднината кои незапирливо го менуваат амбиентот и општеството во сите сфери на живеење. Исто така, се смета дека несопирливоста на процесите во новото дигитално време е тема што е доволно актуелна, атрактивна и предизвикувачка за студентите, за да може на свој препознатлив начин, младешки, да ги пренесат нивните размисли, сомнежи, верувања и идеали поврзани со социо – економскиот и поширокиот општествено - политички контекст.

Во пресрет на настанот одржана е работилница за јавно говорење под менторство на проф. д-р Билјана Граматковски од Педагошкиот факултет во Битола, работилница која е популарна, несекојдневна и практична за студентите на УКЛО.

УКЛО ТРИВИУМ  2019 ќе се одржи во Домот на културата во Битола во 12 ч.

oratorstvo

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование