Премиерката на Данска, Мете Фредериксен, синоќа во нејзиниот дом ги пречека на вечера нејзините колеги од нордиските земји.
На вечерата присуствуваа премиерот на Шведска, Улф Кристерсон, премиерот на Норвешка, Јонас Гар Сторе, и претседателот на Финска, Александер Стуб.
Фредериксен во објавата на „Фејсбук“ наведе дека нордиските земји секогаш се обединети, а во новата и непредвидлива реалност со која се соочуваме, додаде таа, добрите и блиски сојузници и пријателства се уште поважни.
Според светските медиуми, поводот за средбата биле изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за Гренланд.
Сепак, вниманието најмногу го привлече фотографијата од вечерата. Едноставноста на овие политички лидери и скромната вечера е нешто што веќе се коментира на Балканот, со прашањето: Што кога ќе направиме споредба со нашите политичари?
Насловна фотографија: Facebook