Глобалната медијанска возраст со текот на времето порасна бидејќи постарите луѓе опфаќаат сè поголем процент од населението. Мапата која ја покажува медијанската возраст во сите земји во светот открива и други интересни детали.
Што е медијанска возраст?
Медијанската возраст е слика за старосната распределба на населението. Таа претставува „средна точка“ на возраста на населението, каде што има ист број на луѓе постари и помлади од медијанската возраст.
Оваа бројка зависи од многу фактори: очекуваниот животен век, наталитетот, миграциите итн. Од друга страна, старосната структура на населението има значително влијание врз различни аспекти на општеството: стапки на економски раст, учество на работната сила, образовни и здравствени услуги, пазар на недвижности...
Кои земји се постари, а кои помлади?
Според актуелните податоци, земјите со повисоки приходи во Северна Америка, Европа и Источна Азија имаат повисока медијанска возраст.

Фото: Ourworldindata
Земјите со пониски приходи обично имаат помлада популација и побрзо растечко население, според податоците на „Аур ворлд ин дејта“.
Најниска медијанска возраст во 2025 година има Централноафриканската Република, 14,5 години, а највисока Монaко, 53,6 години, единствена земја каде што бројката надминува 50. Јапонија е втора со 49,8 години.
За споредба, медијанската возраст во Велика Британија е 40,1, во САД е 38,5, во Италија е 48,2, во Турција е 33,4, во Русија е 40,3 и Финска 43,2.
Македонија меѓу помладите земји во регионот
Во Македонија медијанската возраст на населението е 41 година. Интересна паралела може да се повлече со Албанија, која има слична старосна структура и се смета за една од поновите економии во регионот, каде што медијанската возраст е 38,9 години.
Што се однесува до соседството, медијанската возраст на населението во Словенија е 44,6, во Босна и Херцеговина е 45,7, во Хрватска е 45,3 и во Црна Гора е 40.
Извор:
Nova.rs
Фото: Freepik