X
 27.05.2020 Живот

Дали клучот за среќата во Данска се песок и сурфање?

Данска речиси целосно е опкружена со вода, со 8.750 километри крајбрежје.

- Ова ја прави совршена за викиншкото општество, во кое пловењето било најважниот начин за преживување. Земјата ги поделила луѓето, водата ги поврзала - вели Рике Јохансен, кустос во музејот „Викиншки брод“.


Риболовот бил неопходен за опстанок долго време пред Данска, која е составена од 406 острови, да стане земјоделска нација. За Данците, водата е хоби.

- Го земаме здраво за готово, тоа е начин на живот. За многумина од нас, клучно е да ја гледаат водата секој ден.


Целата Данска е низинска, формирана од глечери од ледено доба заедно со ледници од глечерите. Со 170 метри највисока надморска височина, земјата е особено подложна на поплави и невреме. До 2100 година се очекува нивото на морето да се искачи на 3 метри, а археолозите се загрижени дека историските места на брегот ќе исчезнат.

За да се заштити земјата и 120-годишниот светилник „Рубјерг Кнуд“, биле изградени насипи по должината на крајбрежјето. Поголемиот дел е покриен со трева за да се поттикне дивиот свет. За да се одбранат изложените делови на брегот од забрзана ерозија, се носи песок од назначените области.

На ветровитиот западен брег на Јутланд, Клитмолер е познат како „студениот Хаваин“ поради брановите што се издигнуваат на два метри како и поради културата на сурфање.

plaza
Фото: Wikipedia

- Постои силна историја на страв околу водата, но и почит - вели Каспер Штејнфат, кој е светски шампион во сурфање.

- Имаме изрека овде на западниот брег која вели дека сме родени против ветрот со што сме посилни - додава тој.

На северниот врв на Јутланд, Балтикот го среќава Северното Море кај Скаген, каде можете да застанете во плитката вода за да почувствувате како се судираат телат ана водите. Скаген, кој порано била најголемата риболовна заедница во Данска, сега е познат по мигрирањето на песочнити дини како и по неговите светли пејзажи.

Источното крајбрежје на Данска е помалку или повеќе засолнето. Заштитените влезови и фјордови нудат меки песочни плажи.

Во лето, кога продолжува денот и после 23 часот, многу Данци одат да пловат, да рибарат, да пловат со кајак или да сурфаат.

- Никогаш не може да ви е досадно. Зад себе може да го оставите телефонот, вашата зафатеност и да излезете и да се чувствувате блиски со природата - вели бродоградителот Сорен Нилсен.

- Крајбрежјето е моето место на среќа - вели Штајнфат. И токму затоа не е чудно што Данска се наоѓа на листата на земји со најсеќна нација во светот.

Со 1.300 чисти плажи и население од само 5,8 милиони жители, не е невообичаено да имате плажа за себе во Данска. Многу градови обезбедуваат засолниште за спиење и продавници за исечено дрво за да ги охрабрат камперите да кампуваат.

- Дефинитивно тука има нордиска енергија. И како Викинг, развивате отпорност. Крајбрежјето е место каде океанот и Земјата се во вечна и немилосрдна битка. Овие диви сили на природата и ме инспирираат и ме прават да сум понизен. Всушност, прават да се чувствувам жив - вели Штајнфат.

Извор: National Geographic
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот