X
 27.05.2023 Наука

Илјадници години џунгла криела прекрасни градови

Долго скриените урнатнини на огромната мрежа од градови на Маите ги воодушевија меѓународните научници во Гватемала, кои вредно мапираа доброорганизирана мрежа од дури 417 града од 1000 година пр.н.е.

Импресионираните научници истакнуваат дека на површината од повеќе од 2.000 квадратни километри, под густата џунгла на северот на Гватемала, градовите се поврзани со околу 180 километри суперавтопат. Научниците сметаат дека таа патна мрежа е првиот систем на автопат на светот.

Откритијата не завршуваат тука - во проучуваната област има голем број софистицирани церемонијални комплекси, хидраулични системи и земјоделска инфраструктура, а заклучокот е јасен - цивилизацијата на Маите била многу поразвиена отколку што се мислело.

Досега се веруваше дека припадниците на цивилизацијата на Маите од средниот до доцниот преткласичен период на Маите (1000 години пр.н.е до 250 години пр.н.е) биле само ловци и собирачи, номади, сејачи на пченка.

- Сега знаеме дека периодот бил обележан со извонредна сложеност и архитектонска софистицираност, и дека во тоа време биле изградени некои од најголемите градби во историјата на светот - вели Ричард Хансен, водечки автор на истражувањето и професор по археологија на Универзитетот во Ајдахо.

Хансен посочува дека големото откритие во регионот Ел Мирадор целосно го менува погледот на историјата на Америка бидејќи е пронајден „огромен дел од историјата“ кој претходно бил непознат. Немало премногу наоди од тој период, делумно затоа што тие биле покриени од џунглата. Но, специјалниот радар кој го открил обраснатото богатство овозможи тоа да се промени.

„Лидар“, новата технологија која работи на инфрацрвен ласер, може да мапира области под густата крошна на дождовните шуми, создавајќи висококвалитетни 3Д-фотографии.

Со дигитално „кревање“ на дрвјата, „Лидар“ на научниците им открил древни брани, резервоари, пирамиди и стадиони во областа Ел Мирадор, порано позната како „Лулка на Маите“.

Хенрике Хернандез, археолог од Универзитетот во Сан Карлос во Гватемала, еден од авторите на истражувањето, верува дека кога целосно ќе биде откриен, Ел Мирадор би можел да стане гватемалската долина на фараоните.


Извор: b92.net
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука