X
 02.09.2019 Живот

Како изгледаат луксузните јахти за кои се плаќаат и до милион долари неделно?

Изнајмувањето или купувањето јахти многу луѓе ги асоцира на француската ривиера и Монако. Во малото кнежество луксузните јахти се изнајмуваат и за милион евра неделно.

Подводни салони, мини-подморници и кина на отворено - ова се само дел од содржините на јахтите што се изнајмуваат на Азурниот Брег.

Јахтата „Калила“ чини од 245.000 до 255.000 евра неделно. Подовите се од дабово дрво, ѕидовите се украсени со вредни уметнички дела, а главниот салон гледа на палубата. Секоја спална соба има посебна бања. Има опрема за нуркање и спортови на вода - кајакарење, скијање, штици за сурфање. Капацитетот на сместување е за 11 лица.

1
„Калила“

12
„Калила“

За околу 100.000 евра неделно се изнајмува јахтата „Аурелиа“. Таа има четири соби, а можат да се сместат до осум гости.

10
„Аурелиа“

„Аурелиа“ има безвременски стил, преубав мебел и раскошна гарнитура за седење, кои создаваат елегантна и удобна атмосфера.

2
„Аурелиа“

Посебно доживување овозможува тобоганот кој од палубата се спушта во морето.

Јахтата „Салузи“ е приспособена за забава, а нејзино изнајмување во период од седум дена чини половина милион евра.

8
„Салузи“

На јахтата има казино, караоке-бар, бар на отворено, огромно кино на отворено и специфичен „морски базен“. „Салузи“ може да смести до 32 лица во 16 луксузни апартмани.

9
„Салузи“

„Савана“ е јахта што можете да ја изнајмите за околу милион евра за една недела. Припаѓа на новата генерација суперјахти.

6
„Савана“

Има подводен салон наречен „Немо“, прозорци под површината на морето, сала за кино... На гостите им дава можност да го набљудуваат морскиот свет додека се опуштаат на некоја од удобните луксузни софи.

2
„Савана“

Исто така, „Савана“ поседува спа-центар, базен и персонал што вклучува и масерка и козметичари. Може да смести 12 гости во шест соби.

савана
„Савана“

Јахтата „Галактика стар“ има капацитет за 12 гости кои може да уживаат на огромната палуба на повеќе нивоа, каде што има и базен.

2
„Галактика стар“

Јахтата нуди и ВИП-апартман со приватна тераса.

4
„Галактика стар“

Додека претходните јахти може да се изнајмат, јахтата „Софија“ е на продажба и тоа за 16.000.000 евра.

1
„Софија“

Овалните скали ги поврзуваат сите четири палуби. Во пет раскошно уредени соби може да се сместат десет луѓе.

1
„Софија“

Јахтата има сопствена подморница во која собира тројца луѓе.

3
Подморницата на „Софија“
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот