X
 24.10.2025 Живот

Во овие градови живеат најбогатите луѓе на светот: Зошто се кријат тука?

Речиси петтина од најбогатите луѓе на светот живеат во само десет града, покажуваат најновите податоци на платформата за анализа на богатство „Алтрата“.

Градот со убедливо најголем број исклучително богати лица, чие нето-богатство надминува 30 милиони долари, е Њујорк. Во овој град живеат 21.380 такви жители, што е зголемување од 23 отсто во споредба со 2024 година, се наведува во извештајот кој ги опфаќа податоците до јуни и е објавен на 30 септември. Не е прецизирано дали ова зголемување се должи на доселување на богати во Њујорк или на зголемување на богатството кај оние што веќе се богати.

Њујорк е еден од најголемите светски финансиски центри, па многу припадници на супербогатата елита живеат  таму бидејќи се блиску до деловните можности. Според извештајот, банкарството и финансиските дејности остануваат најзастапените професии меѓу богатите од сите генерации.

На второ место се наоѓа Хонгконг, кој исто така бележи раст на бројот на ултрабогати лица од околу 17.215, што е речиси 23 отсто повеќе само во првата половина на 2025 година. Како и Њујорк, Хонгконг има силен финансиски сектор.

Покрај другите светски финансиски центри како Токио и Лондон, остатокот од списокот на „Алтрата“ го сочинуваат исклучиво американски градови. Ова не е изненадување бидејќи САД имаат трипати повеќе ултрабогати лица отколку следната земја на листата, Кина.

Ултрабогатите и нивното богатство

Ултрабогатите поседуваат непропорционално голем дел од светското богатство. Луѓето чиј нето-имот надминува 30 милиони долари сочинуваат само 1 отсто од светската популација на милионери, но држат речиси третина од вкупното глобално богатство.

Бројот на овие лица исто така расте. Во моментот на објавување на извештајот во светот живееле околу 510.810 лица со богатство над 30 милиони долари, а „Алтрата“ предвидува дека до 2030 година тој број ќе порасне на  677.000.

Десет светски градови со најмногу ултрабогати лица


Њујорк (САД) - 21.380 лица (+23,4 отсто)
Хонгконг - 17.215 лица (+11,5 отсто)
Лос Анџелес (САД) - 11.680 лица (+24 отсто)
Сан Франциско (САД) - 8.270 лица (+24,9 отсто)
Чикаго (САД) - 7.530 лица (+21,7 отсто)
Токио (Јапонија) - 6.940 лица (+8,4 отсто)
Лондон (Велика Британија) - 6.660 лица (+9,7 отсто)
Далас (САД) - 6.530 лица (+23 отсто)
Вашингтон (САД) - 6.460 лица (+23,6 отсто)
Хјустон (САД) - 5.900 лица (+22%)

Каде живеат богатите во Европа?

Според истиот извештај и дополнителни анализи на „Хенли & партнерс“ и „Њу ворлд велт“, најголемата концентрација на ултрабогати Европејци е во следните градови:

Лондон (Велика Британија) - околу 6.660 лица со имот над 30 милиони долари
Париз (Франција) - околу 15.900 лица
Женева (Швајцарија) - околу 7.000 лица
Цирих (Швајцарија) - околу 7.800 лица
Милано (Италија) - околу 6.000 лица
Франкфурт (Германија) - околу 5.000 лица
Амстердам (Холандија) - околу 4.500 лица
Мадрид (Шпанија) - околу 4.000 лица
Даблин (Ирска) - околу 3.800 лица
Барселона (Шпанија) - околу 3.500 лица

Извор: Nova.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот