X
 10.07.2026 Живот

ВИ создаде нова класа на милионери, а еве на што ги трошат парите

Подемот на вештачката интелигенција и излегувањето на „Спејс екс“ на берзата создадоа стотици илјади нови милионери, кои своите пари ги трошат поинаку од традиционално богатите. Наместо скапа облека и луксузни модни додатоци, тие почесто инвестираат во недвижности, искуства, спорт или необични хобија - од метеорити до противпожарни возила.

Минатата година, благодарение на растот на берзата во Соединетите Држави, настанаа околу 440.000 нови милионери, а потоа следуваше нов бран на богатство благодарение на излегувањето на ВИ-компаниите на берзата и рекордната иницијална јавна понуда на „Спејс екс“.

Но, за разлика од традиционалните богаташи, новата генерација на милионери од технолошкиот сектор не покажува голем интерес за луксузната мода и вообичаените статусни симболи, пишува „Ројтерс“.

Метеорити, противпожарни возила и одбојкарски клубови

Еден од нив е 50-годишниот поранешен научник за податоци во „Спејс екс“, кој сакаше да остане анонимен и се претстави само со името Чип, а неговиот удел во акциите на „Спејс екс“ денес вреди околу 3,5 милиони долари, пренесува „Индипендент“

Тој купил метеорити вредни околу 10.000 долари и противпожарно возило за 5.000 долари.

- Сè уште не сум сигурен што ќе правам со него. Можеби ќе биде атракција на роденденот на мојот тригодишен син“ - изјави тој. Размислува и за купување луксузен часовник „таг хојер карера калибар 1887 спејс екс хронограф“, вреден околу 8.000 долари, инспириран од мисијата на астронаутот Џон Глен од 1962 година.

Сличен модел се забележува и кај Зек Кас, поранешен директор задолжен за пласман на производи во „Опен АИ“): наместо луксузни автомобили или гардероба, дел од заработката ја искористил за купување професионален одбојкарски клуб.

Луксузната индустрија бара нови купувачи


Модните куќи „Хермес“ и „Гучи“ во последните години бараат нови купувачи бидејќи пазарот на луксузна стока забави, најмногу поради послабата побарувачка во Кина и повнимателното трошење низ целиот свет. Според податоците на консултантската куќа „Бејн енд компани“, пазарот на лична луксузна стока вредел 358 милијарди евра во 2025 година, но се намалува во последните две години.

Северна Америка остана еден од ретките пазари на кои луксузните брендови и понатаму бележат раст, но аналитичарите предупредуваат дека технолошките милионери трошат значително поинаку од луѓето што го пренесуваат богатството со генерации.

-Луксузната индустрија денес се натпреварува не само со други луксузни брендови, туку и со сосема поинакви начини на трошење пари - изјави Федерика Левато од „Бејн енд компани“.

Според Филипо Бјанки од „Бостон консалтинг груп“, новопечените милионери трошат околу една третина помалку на луксузна облека и кожени модни додатоци отколку луѓето што доаѓаат од традиционално богати семејства, и најголемиот дел од парите ги инвестираат во недвижности, автомобили, јахти и друг долготраен имот.

Поважни се здравјето и искуствата

Дел од технолошките милионери инвестираат и во здравјето и активниот живот.

Роберт, поранешен инженер во „Спејс екс“, чиј пакет акции вреди околу четири милиони долари, вели дека тој и сопругата купиле нови модели на „епл воч“ за полесно да ги следат тренинзите и физичката активност. Најголемиот дел од парите сепак планираат да ги реинвестираат, додека за награда си дозволиле крстосување по Алјаска.

Тоа не значи дека на луксузните часовници им дојде крајот, моделите на „Ролекс“ или часовниците на „Картие“ и понатаму имаат посебно место меѓу богатите купувачи, делумно и затоа што често ја задржуваат или ја зголемуваат својата вредност.

- Паметен часовник нема да носите со смокинг или деловен костум - вели Колкорд.

И покрај новостекнатото богатство, многу милионери од технолошкиот сектор не планираат да го менуваат стилот на облекување. Чип вели дека луксузната мода не го интересира и дека евентуално би можел да ја обнови колекцијата облека за активности на отворено.

Извор: tportal
Фото: magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот