X
 26.07.2021 Култура

Летни филмови кои инстантно ќе ве транспортираат во Италија

Температурите растат, а одморите веќе започнаа. Многумина ќе патуваат, а некои ќе останат дома. Во секој случај, летото е вистинско време за гледање лесни филмови. Едни од најубавите летни филмови се снимени токму во Италија. Додека не помине пандемијата, веројатно и тоа е единствениот начин да ја погледнеме Италија годинава. Во продолжение следуваат неколку летни филмови кои ќе ве однесат во Италија преку екранот.

„Украдена убавина“ (Stealing beauty)


Станува збор за култен наслов кој веројатно досега сте го гледале, а сега е време да се потсетите на него. Луси е млада Американка која заедно со мајка си ја посетила Тоскана кога имала 15 години се заљубила во овој италијански регион. По самоубиството на мајка ѝ, таа се враќа во истото село четири години подоцна.

„Распрснување“ (A bigger splash)


Филмот е психолошка драма во која играат Тилда Свинтон и Дакота Џонсон. Пејзажите во филмот се фантастични, а куќите и базените уште подобри.

„Талентираниот господин Рипли“ (The talented Mr. Ripley)


Легендарниот психолошки трилер во кој Мет Дејмон сака животот на останатите ликови да стане негов живот. Ова е еден од најдобрите избори за гледање доколку планирате имагинарно или вистинско патување покрај италијанскиот брег.

„Претекнување“ (Il sorpasso)


Филмот ја покажува основата на летото преку боите, облиците, интеракцијата помеѓу луѓето и целокупната атмосфера. Ова е комедија од 1962 година и вистинско ремек дело кое се смета за пример на класична италијанска комедија.

„Дишење“ (Respiro)


Грација е самохрана мајка која одбива да живее според нормите кои им се наметнуваат на жените на малиот остров на кој живее. Затоа, нејзините соседи сметаат дека таа треба да замине од островот за да не дава лош пример. Филмот има тежок заплет, но и преубави пејзажи кои го разубавуваат филмот.

Извор: Lola Magazin
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура